7 секојдневни работи што им биле забранети на жените од викторијанската ера

Сподели

rn

Реклама

4. Поставувањето прашања за време на разговор значело лоши манири

rnСпоред правилата за однесување, на жените им се препорачувало да се воздржуваат од прашања за време на разговор. Тие не биле сигурни дали би можеле да го навредат соговорникот, па сите фрази требало да бидат изјави, а не прашања. Па, наместо жената да праша „Како е брат ти?“ таа требало да рече „Се надевам дека брат ти е добро“. Класичните теми на разговор на жените, како времето и децата, требало да бидат избегнувани.rn

5. Возењето велосипед се сметало за валкано

rnЖените кои сами возеле велосипед биле осудуван поради две причини. Најпрво им била потребна посоодветна облека за возењето. Поради ова се појавиле посебни здолништа и шалвари кои не им се допаѓале на сите бидејќи наликувале на машките панталони. Покрај тоа, лекарите сметале дека возењето велосипед може сексуално да ја симулира жената, а дамите, особено младите, морале да бидат чисти и невини.rn

6. Било срамно да го замолат мажот да ги носи кесите од шопинг

rnВо тој период било многу лесно да се ослободите од несакан маж. Жената едноставно требало да му даде да носи кеси за шопинг. Всушност, во овој период било срамно да се појавите со многу работи. На пример, жените можеле да се шетаат само со слатко куче, букет цвеќиња или малку овошје во рацете. Само во одредени случаи можеле да носат кутија во форма на квадрат, која морало да биде мала.rn

7. Кармин носеле само жените без морал

rnКралицата Викторија сметала дека шминката е вулгарна и непривлечна. Па доколку жената користела продукти за убавина, лесно почнувале озборувања за неа. Било релативно прифатено да се носи пудра и ништо друго. Само актерките и проститутките, кои во тој период луѓето не ги разликувале, можеле да носат кармин. До 1921-ва година, повеќето модерни жени во Лондон тајно користеле шминка.

Но сите жени сакале да изгледаат убаво, па ти користеле хемикалии со арсен и олово за избелување на лицето, ставале жива на усните и амонијак на лицето и косата. Користеле и помалку опасни трикови за разубавување, како штипење на образите за природно руменило.

Прочитајте ги и овие факти за проституцијата во викторијанската ера.

Најново

Може ќе ве интересира