КАФЕ ПАУЗА

7 причини зошто читањето е добро за вашиот мозок

Со толку многу технологија околу нас, изгледа дека читањето секогаш е во втор план. Многумина од нас го поминуваат слободното време на телефоните или на компјутерот, па поради ова започната е дебатата за тоа дали технологијата нè прави попаметни или поглупави. Еден од најдобрите начини да ја зголемите моќта на вашиот мозок е читањето. Погледнете ги 7-те причини кои ќе ви покажат како читањето му помага на вашиот мозок.rnrn7-prichini-zoshto-chitanjeto-e-dobro-za-vashiot-mozok-kafepauza.mkrn

1. Читањето ги проширува вашите знаења

rnМногу очигледна причина: Читањето го подобрува интелектот и го проширува знаењето. Ако сте заинтересирани за некоја тема, многу лесно можете да пронајдете книга за неа и да ја прочитате.rn

2. Читањето ја подобрува концентрацијата

rnОва е многу важно бидејќи целата технологија што ја користиме ја намалува способноста за фокусирање. Следењето на некоја приказна бара концентрација, а ова може да подобри неколку области од вашиот живот како работата, училиштето, па дури и социјалните врски.rn

3. Читањето го збогатува вашиот речник

rnСе смета дека вокабуларот на една личност најмногу кажува за нејзината интелигенција. Читањето, наместо играњето на компјутер или гледањето телевизија, е одличен начин да го збогатите вашиот речник и да ги подобрите вашите вештини за комуницирање.rn

4. Читањето ја зголемува имагинацијата и креативноста

rnБидејќи читањето ја подобрува менталната флексибилност, зголемените креативност и имагинација многу често се директен резултат.rn

5. Читањето ги проширува вашите погледи

rnМногу луѓе имаат ограничена перспектива за светот околу нив. Читањето ќе ви помогне да се соочите со други луѓе, култури, идеологии, религиозни и духовни верувања, политика и слично, без воопшто да мрднете од дома.rn

6. Читањето ја подобрува когнитивната способност и го намалува ризикот од болести на мозокот

rnКако што телото има потреба од физички вежби за да остане во форма, така и мозокот треба да се користи за да остане силен. Некои истражувања покажале дека луѓето кои редовно читаат не само што ги подобриле своите когнитивни способности, туку го намалиле и ризикот од болести како Алцхајмеровата болест и деменцијата.rn

7. Читањето го подобрува критичното размислување

rnЧитањето е одличен начин да ја подобрите вашата способност за анализирање и проценување. Доброто критично размислување може да ви помогне да донесувате подобри одлуки, а со тоа и да ја подобрите вашата иднина.rnrnПогледнете ги и овие научно докажани факти кои покажуваат дека читањето го подобрува вашиот живот.