Денес, туристичката сезона е отворена во текот на целата година. Во лето, луѓето може да одат на одмор во медитеранските одморалишта, а во зима може да одат во Тајланд или на Бали за да се стоплат. Поради тоа, корисно е да ги знаете правилата и регулативите со кои може да се сретнете во одредена земја. Списокот со ограничувања за туристите постојано расте, а вие треба да да ги научите новите правила за да не си го уништите долгоочекуваното патување.rn
1. Ќе биде покомплицирано да го пронајдете вашиот туристички агент на аеродромот во Истанбул
rn
rnrnОтсега ќе треба сами да ги барате претставниците на туристичката агенција на аеродромот во Истанбул. Овие луѓе обично ги собираат туристите кои резервирале тура преку нивната агенција и ги префрлаат во хотелот. На аеродромите тие држеа знаци со името на агенцијата или на хотелот и ги пречекуваа туристите веднаш откако ќе ја поминеа царината.rnrnОваа шема престана да функционира на 1 јануари 2020 година. Отсега претставниците на туристичката агенција веќе не смеат да бидат во оваа зона или да држат знаци со името на нивната туристичка агенција или со името на туристот. Овие активности сега се сметаат за нелегално рекламирање.rnrnСега им е дозволено само на роднините и на пријателите на патниците да дојдат во зоната за пречек на аеродромот во Истанбул. Туристичките агенти ги користат своите креативни вештини и се преправаат дека се обични луѓе, но носат маици со логото на туристичката агенција или однапред ги известуваат туристите дека во рацете ќе држат папка во одредена боја. И покрај сите овие трикови, процесот на собирање на туристите сега трае околу 2 часа.rn
2. Ќе нема доволно билети за сите за посета на базиликата „Свети Марко“ во Венеција
rn
rnrnВенеција излезе со план како да го регулира протокот на туристи кои сакаат да шетаат околу плоштадот каде што се наоѓа базиликата „Свети Марко“. Денес, тоа е една од најпопуларните знаменитости во Италија која буквално се удави во протокот на туристи. Оваа базилика дневно ја посетуваат 15.000 луѓе.rnrnСо цел да се зачува уникатното историско наследство, властите се обидуваат да го ограничат пристапот до плоштадот и до базиликата со билет. На туристите ќе им бидат понудени 2 опции почнувајќи од април 2020 година: да ја платат влезницата преку Интернет и да го изберат датумот на посетата или да се обидат да добијат бесплатен билет на градскиот терминал. Во краен случај, никој не гарантира дека ќе успеете да влезете бидејќи дневната бројка на посети ќе биде строго ограничена.rnrnИсто така, пливањето во каналите е сè уште забрането. Паричната казна изнесува неколку стотици евра.rn
3. Ќе треба да користите корпи или платнени торби во Тајланд
rn
rnrnЦелосната забрана за употреба на пластиката треба да започне да функционира во 2021 година. Сепак, оваа земја веќе им ги забрани на маркетите пластичните кеси за еднократна употреба.rnrnНа почетокот, локалното население беше незадоволно од оваа иновација, па како знак на револт луѓето додека купуваа ги користеа сите можни работи како плетени корпи, кофи и кади за бебиња.rnrn
rnrnНо, одлуката е веќе донесена и луѓето ќе треба да заборават на пластичните кеси за еднократна употреба. Туристите имаат неколку опции да се приспособат на новите регулативи: да си набават платнена торба или да побараат храната и производите да им бидат доставени до хотелот.rn
4. Нема да ви биде дозволено да внесете јаболко или краставица во Европа
rn
rnrnПочнувајќи од 14 декември 2019 година, во земјите на ЕУ започнаа да се применуваат нови санитарни и фитосанитарни правила. Отсега увозот на овошје и зеленчук во Италија, во Финска, во Грција и во другите земји на ЕУ е можен само со посебен сертификат. Причината е борбата против ширењето на растителните штетници.rnrnПри секој влез во земјите од Европската Унија ќе ви прават контрола. Дури и јаболкото што го носите како ужина ќе ви биде одземено (или ќе ве замолат да го изедете набрзина додека ја поминувате границата).rnrnДобрата вест е дека замрзнатото овошје и конзервираниот зеленчук не се на списокот на новите регулативи.rn
5. Преноќевањето во Амстердам ќе биде поскапо
rn
rnrnЌе мора да заштедите малку повеќе пари за да го посетите Амстердам бидејќи од 1 јануари 2020 година градот воведе нов данок за туристите. На овој начин, властите се обидуваат да го намалат бројот на туристи. Секоја година во Амстердам, каде што живеат околу еден милион луѓе, има повеќе од 17 милиони туристи.rnrnОтсега, секој што сака да го посети градот, ќе мора да плати дополнителни 3 евра од вечер, што е плус од наплатата од 7% од цената на ноќевањето.rnrnОва не е прв обид на градот да го регулира бројот на туристи. Во декември 2018 година, беше отстранет познатиот знак „I Amsterdam“, а тоа беше омиленото место за фотографирање на туристите. На тоа место дневно се правеле повеќе од 6.000 фотографии.rn
6. Авионските билети од 10 евра може да исчезнат
rn
rnrnВо 2020 година, Германија планира да воведе еколошки данок за летовите. Надоместокот за домашни летови до европските дестинации ќе се зголеми значително и ќе изнесува 13,03 евра, а претходно изнесуваше 7,5 евра. Тоа значи дека билетите со цени од 10 до 15 евра ќе исчезнат.rnrnВластите сакаат да ги насочат овие приходи кон развој на железничкиот сообраќај и се очекува дека патувањето со брз воз во Германија ќе биде поевтино за околу 10%.rnrnФранција исто така се подготвува за слични иновации во 2020 година, а Холандија го најави зголемувањето на данокот на авијацијата почнувајќи од 2021 година.rn
7. Ќе мора да чекате подолго за да се најавите во турските хотели
rn
rnrnТурските власти ветуваат дека ќе започнат строго да го контролираат спроведувањето на законот во врска со заштитата на личните податоци. Законот стапи во сила во 2016 година и им забрани на вработените во хотелите да прават фотокопија од пасошите на гостите или да бараат банкарска картичка или телефонски број.rnrnПретходно, хотелите успешно ја игнорираа оваа забрана за време на летната сезона само за да ги внесат податоците од туристите колку што е можно побрзо. Беше многу полесно да се направат копии или да се скенираат документите и подоцна да се пополнат потребните обрасци за пријавување. Сега хотелите може да се соочат со сериозни казни за непочитување на законот затоа што е зголемен бројот на случаите поврзани со користењето на туѓите лични податоци.rnrnОва значи дека процесот на пријавување на гостите ќе потрае повеќе време, особено во хотелите што имаат неколку стотици соби. Обично, во овие хотели доаѓаат туристички групи што се состојат од околу 25 луѓе. Но, отсега туристите ќе мора да чекаат за клучот на својата хотелска соба со трпеливост и со разбирање.rnrnПрочитајте ги овие 5 причини зошто е добро да ги потрошите сите пари на патување.