Грета Понтарели не е обична жена во нејзините шеесетти години. Спротивставувајќи ѝ се на нејзината возраст, таа започнала да тренира танцување на шипка кога имала 59 години и брзо станала интернационална сензација. Грета, која годинава полни 66 години, главно се натпреварува во категории над 40, 45 и 50 години. rn
„Доколку го внесете вашето срце во нешто, вие ќе можете да продолжите“, вели таа. „Сакам да видам колку далеку ќе стигне моето тело. Сакам да видам колку далеку може да ме однесе.“
rn
rnrnА телото на Грета ја однесе многу далеку! Таа тренира секој втор ден, по два часа, и ги инспирира и другите да живеат без ограничувања.rn
„Луѓето ми праќаат електронски пораки постојано – понекогаш тоа дури и не е за танцувањето на шипка!“, вели Грета. „Понекогаш тие велат: ‘Сега трчам околу 8 километри на ден поради тебе’, или ‘Ти ги отстрани сите мои изговори за да не вежбам’.“
rn
rnrnКога станува збор за недоразбирањата околу танцувањето на шипка, Грета вели дека не зависи од тоа дали сте секси.rn
„Кога започнав, не ни знаев што е стриптизерска шипка!“
rn
rnrnПогледнете го видеото за да видите како изгледа оваа прекрасна жена која инспирира многу луѓе ширум светот.rnrn