Посебноста не е нешто што се одредува со месецот во којшто сме родени. Со неа доаѓаме на овој свет и ја стекнуваме преку разните животни искуства. Сепак, постои посебен круг за оние деца кои се раѓаат во април, а многумина веруваат дека причината е што овие деца се родени во период кога се буди целата природа. Досегашните истражувања покажале дека некои особини навистина зависат од месецот на раѓање, а еве што кажува тоа за оние кои се родени во април.rnrn
rn
1. Тие се ноќни птици
rnЕдно истражување открило дека луѓето родени во пролетните и летните месеци си легнуваат многу подоцна за разлика од оние родени во есен или зима.rn
2. Имаат позитивен поглед кон светот
rnСтудентите од еден универзитет во Унгарија, во 2014-та спровеле истражување и откриле дека децата родени во март, април и мај се попозитивни и поголеми оптимисти. Се разбира, ова зависи и од местото на живеење, но најмногу важи за децата родени во држави кои имаат суви и сончеви лета, а студени зими.rn
3. Тие се лидери
rnСпоред истражувањето од Универзитетот во Британска Колумбија, децата родени во март и април напредуваат побрзо во кариерата, за разлика од оние родени во летните месеци. Научниците ги анализирале датумите на раѓање на 375 директори од 500 фабрики, во периодот од 1992-ра и 2009-та година, и дошле до заклучок дека најголемиот дел од нив се родени во март и април.rn
4. Имаат помал ризик од астма
rnЕдно истражување од 2015-та година покажало дека луѓето кои го слават нивниот роденден во пролет, имаат помал ризик од астма. Најверојатно причината е тоа што тие се изложени на типичните алергени во првите два месеци од животот, а ова може значително да го зајакне нивниот имунитет.rn
5. Имаат помал ризик од хиперактивно нарушување
rnЕдно истражување покажало дека хиперактивното нарушување почесто се дијагностицира кај луѓето родени подоцна во годината.rn
6. Порано се изложени на сончеви зраци
rnОва можеби не е многу добра вест, но добро е да бидете информирани. Неколку истражувања покажале дека луѓето родени во пролет имаат поголем ризик од развој на меланом. Најверојатно причината е што се изложени на сончеви зраци во најраниот период од животот. Па, вооружете се со заштитна крема и користете ја за секое излегување на сонце.rnrnПогледнете и зошто е добро да имате пријател роден во април.
