Некои историчари веруваат дека сопругата на Ајнштајн имала голем придонес во развојот на теоријата за релативност бидејќи таа била математичарка. Поради некоја причина, нејзината вклученост во проектот не е спомната, а нема никаков начин да се докаже овој факт.rnrnЗа жал, постојат многу случаи со неправеден третман на жените и нивните заслуги за кои денес имаме докази. Овие жени речиси и да не добиле заслуга за нивните достигнувања, а во продолжение дознајте за кои станува збор.rn
1. Сидони Габриел Колет
rn
rnrn20-годишната Колет се венчала со писател кој бил познат како Вили. Во текот на 8 години, Колет напишала 4 новели кои биле објавени под името на нејзиниот сопруг и го направиле навистина популарен.rnrnКолет повеќе не можела да го издржи ова, па се развела и започнала нејзина писателска кариера. Нејзиното најголемо професионално достигнување е номинација за Нобелова награда во 1948-ма година. Бродвејскиот мјузикл „Џиџи“ (Gigi) бил направен според една од нејзините книги, а Одри Хепберн, која во тој период не бил позната, имала улога во претставата.rnrnЗа животот на писателката се направени неколку филмови, а најновиот е од 2018-та година, со Кира Најтли во главната улога.rn
2. Маргарет Кин
rn
rnrnКога Маргарет открила дека нејзиниот сопруг ги продавал нејзините дела со негов потпис, била навистина гневна. Но, тој успеал да ја убеди дека ова бил полесен начин за заработување. Тие се расправале цела година, но на крај таа се согласила нејзините дела да бидат продавани како негови, и тоа цели 13 години.rnrnВолтер, нејзиниот сопруг, станал најпопуларниот артист во 1960-тите. На врвот од неговата кариера, Маргарет работела и по 16 часа на ден. Уште полошо е што Волтер ѝ се заканувал дека ќе ја убие доколку таа ја открие вистината.rnrnДури откако се развела од него, Маргарет решила да го тужи. Со цел да се докаже кој е вистинскиот уметник зад сликите, судијата им рекол и на двајцата да нацртаат една од препознатливите слики на Маргарет. Маргарет ја завршила задачата за еден час и го добила случајот.rnrnФилмот „Големи очи“ (Big Eyes) на Тим Бартон ја раскажува неверојатна приказна на оваа жена.rn
3. Сузан Џоселин Бел Бурнел
rn
rnrnСузан била првата личност што го забележала необичното движење на небесните тела кои подоцна беа именувани пулсари. 7 години подоцна, двајца нејзини колеги ја добиле Нобеловата награда за откривање на пулсарите. Сузан не била ни спомната за ова револуционерно откритие.rnrnДури 50 години подоцна, Сузан добила посебна награда во областа на физиката и сума од речиси 3 милиони евра. Претходно, оваа награда била доделена само 3 пати.rn
4. Лиз Мејтнер
rn
rnrnЛиз била дел од тимот кој ја открил и објаснил нуклеарната фисија и го предвидел нејзиниот експлозивен потенцијал. Но, таа не ја добила Нобеловата награда во областа на хемијата која му припаднала на Ото Хан, со кого Лиз соработувала 30 години.rnrnЛиз одбила да учествува во развојот на нуклеарно оружје. Епитафот на нејзината надгробна плоча кој бил напишан од нејзиниот внук Ото Фриш гласи: „Лиз Мејтнер: Физичарка која никогаш не ја изгуби нејзината човечност.“rn
5. Розалинд Френклин
rn
rnrnРозалинд Френклин и Морис Вилкинс биле менаџери на различни истражувачи групи. И двете групи проучувале ДНК. Фотографиите што ги направила Френклин ја докажале хипотезата на втората група научници, а тие пак објавиле студија за нивните истражувања во истото време.rnrnОткритието за структурата на ДНК му донела Нобелова награда на тимот на Морис, но не и на Френклин. Иако таа починала пред колегите да ја добијат наградата, нејзиниот удел во откритието никогаш не бил признат.rn
6. Естер Ледерберг
rn
rnrnЕстер Ледерберг била пионер во бактериската генетика. Но името на нејзиниот прв сопруг, Џошуа Ледерберг, е она што завршило во историјата. Тој бил познат научник и ја добил заслугата за сè што создале заедно.rnrnВо 1958-ма година, Џошуа ја добил Нобеловата награда и никогаш не го спомнал уделот на неговата сопруга – ниту во неговиот говор, ниту за време на вечерата. На крајот, тие се развеле.rnrnПо смртта на Естер, еден професор од Стенфорд изјавил:rn
„…независни плодни придонеси во лабораторијата на Џошуа… сигурно водеа, делумно, до неговата Нобелова награда.“
rnПрочитајте и за неверојатните жени кои предизвикаа вистинска бура на Интернет.
