Бидејќи сте растеле сами, вие сте научиле да уживате во своето присуство, но и сте се навикнале на големо внимание, дури и ако не го посакувате. Ви звучи познато? Доколку и вие сте едни од оние личности кои немале браќа и сестри додека растеле, тогаш големи се шансите дека ќе се пронајдете во овие 6 нешта.rn
1. Вие премногу уживате да бидете сами
rn
rnrnБидејќи не сте имале многу избор додека сте растеле. Едноставно не сте имале брат или сестра со кои би можеле во секое време да се дружите и сте научиле како да уживате во вашето сопствено друштво и како да создадете игри и целосни светови само за вас. Вие не се срамите да признаете дека вашите замислени другарчиња постоеле многу подолго од оние на вашите врсници. Но, токму овие нешта предизвикале да се чувствувате пријатно во вашата кожа, без притоа да ви е потребна друга личност покрај вас.rn
2. Сакате да избегнете непотребни конфликти
rn
rnrnВо вашиот живот не постоела личност која активно ве фрустрирала, мачела и се карала со вас, па затоа и имате природна предиспозиција да го намалите конфликтот на минимум. Вие сте онаа личност која од позадина тивко вели: „Зошто да не се согласуваме сите?“rn
3. Многу лесно создавате блиски пријателства
rn
rnrnВашите пријатели станале ваши одбрани браќа и сестри. Можеби дури и уште подобро, бидејќи вие сте ги одбрале оние кои се совршени за вас. Постои нешто посебно во овие врски. Дури и покрај тоа што не ја делите истата крв, сепак имате желба да останете едни покрај други. Како резултат, добивате пријатели за цел живот кои секогаш ќе бидат тука за вас.rn
4. Навикнати сте на внимание (без разлика дали уживате во него или не)
rn
rnrnМожеби обожавате да бидете во центарот на вниманието, а можеби тоа е нешто што го мразите од дното на душата. Како и да е, тоа не е важно, бидејќи вие сте научени целото внимание да биде насочено кон вас. Па, кога конечно ќе пораснете и ќе почнете да го делите светлото на сцената, нештата почнуваат драстично да се менуваат за вас.rn
5. Вие немате трпение за оние луѓе кои влегуваат во вашиот личен простор
rn
rnrnВие не сте требале да ја делите вашата соба со друга личност, па самата идеја некој да ви се доближи во животот е далечна за вас. Токму затоа и имате проблем при пуштањето на другите луѓе да ви се приближат.rn
6. Без разлика на општото верување, вие сте навистина дарежливи
rn
rnrnВие сакате да ја платите сметката кога сте излезени со пријателите или да направите нешто посебно за личноста која ја сакате. Да се биде дете единец не значи и да се биде себичен. Всушност, вие сакате да трошите пари на други луѓе бидејќи никогаш не сте требале да ги делите нештата додека сте растеле.
