Сите ние се сметаме за позитивни луѓе, но тоа не значи дека одвреме-навреме не ни се провлекуваат негативни мисли. Тоа е сосема нормално, сѐ додека не ѝ дозволите на негативноста да завладее со вашиот живот. Овие неколку знаци покажуваат дека ширите негативна енергија иако можеби не сте свесни за тоа…rnrn
rn
1. Ги омаловажувате луѓето кога се обидуваат да дадат идеја
rnОва најчесто се случува на работното место. На деловен состанок сте со колегите и сите треба да дадете по некоја идеја за најновиот проект. Можеби нема да коментирате со зборовите „Тоа е ужасна идеја“, но постојат многу други суптилни начини на кои можете да ги обесхрабрите колегите. Можеби покажувате незаинтересираност со тоа што си „чепкате“ по телефонот или ги прекинувате другите за да го кажете вашето мислење. Наместо тоа, обидете се да се насмевнете или да кимнете со главата во знак на одобрување. Тоа ќе ги охрабри другите да ги споделат нивните идеи поради што на состанокот ќе завладее многу попозитивна и попродуктивна атмосфера.rn
2. Премногу често им се „истурате“ на пријателите
rnСе среќавате со друштвото и веднаш ги „бомбардирате“ сите со вашите фрустрации на работа и со вашето незадоволство од љубовната врска. На сите нас ни треба издувен вентил, но проблемите што ви се случуваат не смеат да бидат главна тема на сите разговор. Пред да почнете да се жалите за тоа колку лошо ви поминал денот, размислете дали навистина сакате одново да го преживувате сето тоа и како би се чувствувале вие кога пријателите би ви го правеле истото. Зарем не е позабавно да зборувате за тоа каде ќе одите на одмор?!rnrn
rn
3. Туѓите проблеми прават да се чувствувате подобро
rnЗошто ви е толку забавно кога слушате за распадот на врската на вашата колешка од работа? И зошто се смеете кога ќе видите како некој се сопнува? Ваквите реакции се сосема нормални и човечки. Можеби понекогаш интересно е да си го одвлечете вниманието од вашите лични проблеми на ваков начин, но наместо да слушате туѓи жалби и поплаки, искористете го тоа време и енергија на себе.rn
4. Постојано зборувате колку сте зафатени
rnСите ние сме зафатени поголемиот дел од времето. Ако постојано зборувате колку многу обврски имате, тоа е исто како да повторувате некој очигледен факт одново и одново. Искористете го вашето заслужено слободно време за да ги правите работите во кои уживате, а не за да разговарате за проблемите кои ве мачат.rn
5. Не се фокусирате на позитивните работи во вашиот живот
rnАко сте имале лош ден на работа, навистина е тешко да дојдете дома и да не се пожалите на партнерот. Нормално дека не можете постојано да се смеете и да се преправате дека ништо не ви пречи, но нема да си помогнете ако се фокусирате само на негативните нешта. Наместо тоа, насочете го вниманието на други аспекти од вашиот живот кои ве прават среќни, како на пример вашиот сладок домашен миленик кој со нетрпение чека да го погалите. Живејте во моментот и уживајте во убавините што ги нуди животот.rnrnВо продолжение прочитајте како да се заштитите од луѓе кои зрачат со негативна енергија.