Ни криви ни должни, на овие петмина луѓе им се припишуваат цитати кои многу веројатно никогаш не ги изговориле или напишале. За нивна среќа, барем се работи за мудри зборови.rnrn
rn
„Оној кој не чита нема предност пред оној кој чита“. – Марк Твен
rnНема никакви докази дека токму Марк Твен ги кажал овие зборови, покрај сите негови други славни цитати. Постои многу поголема веројатност дека оваа реченица најпрво се појавила во школски весник, многу порано пред да почне да му се припишува на остроумниот американски писател.rnrn rn
„Добриот хокеар игра онаму каде што е пакот. Одличниот хокеар игра онаму каде што пакот ќе биде“. – Вејн Грецки
rnВејн Грецки е еден од најдобрите играчи во историјата на хокејот на мраз, а оваа наводно негова изјава се користи во многу бизнис презентации и мотивациски говори. Но, според поранешниот хокеар Горди Хоу оваа изјава ја дал неговиот татко, а не тој. Тој смета дека зборовите му се припишуваат на Грецки помладиот затоа што така говорникот звучи поубедливо.rnrn rn
„Логиката може да ве однесе од точка А до точка Б. Имагинацијата може да ве однесе секаде“. – Алберт Ајнштајн
rnОд кратките цитати на Ајнштајн можат да се научат многу лекции, но овој не е еден од нив. За прв пат му се припишува во 2010 година во книга со негови цитати собрани од извесна Алис Калаприс, но дури и таа овие зборови ги сместила во рубриката на цитати кои веројатно не се негови.rnrn rn
„Цигарата понекогаш е само цигара“. – Зигмунд Фројд
rnЦитатот на Фројд за прв пат е забележан во фуснота на стручен труд во научна публикација за психијатрија, но никогаш порано. Многу други познавачи на ликот и делото на Фројд не се согласуваат дека тој некогаш ги кажал овие зборови.rnrn rn
„Без оглед на тоа дали мислиш дека можеш или не можеш да успееш, во право си“. – Хенри Форд
rnИ повторно, не постои ниту еден извор кој потврдува дека наводниот автор е и вистинскиот. Овие зборови многу полесно се поврзуваат со поема од малку познатиот американски поет Волтер Винтл, отколку со Форд.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.