5 интересни факти за мразот и снегот

Сподели

Радост за децата, мака за возачите или неизбежен зимски пејзаж. Некои луѓе не можат да ги замислат зимата, новогодишните и божиќните празници без снег, додека пак други повеќе би сакале да преспијат до пролет. Како и да е, снегот е карактеристичен за зимската сезона. Иако можеби сте запознаени со повеќе работи околу него, сепак, можеби сѐ уште не сте слушнале за овие 5 факти кои ви ги прикажуваме во продолжение.

Реклама

rn

1. Има повеќе видови мраз

rnМразот настанува при самиот контакт на воздухот со земјата поради ниските температури, па се создава површински слој тенок лед во форма на кристали или капки. Покрај мразот на прозорците кој на сите ви е познат, исто така постои и радијацијски мраз и авекцијски мраз.rn

Реклама

2. Во 1988 година се забележани две идентични снегулки

rnСнегулките секогаш се појавуваат во различни форми и големини и никогаш не можете да забележите две исти. Меѓутоа, научничката Ненси Најт успеала да пронајде две целосно идентични кристали после снежна бура во Висконсин во 1988 година.

rn

3. Снегулките не се бели

rnСнегулките не се бели! Се прашувате зошто е тоа така? Зошто секогаш кога ќе се спомене снегулка единствена боја која ви паѓа на ум е белата? Многу страни на овој мал кристал предизвикуваат дифузна рефлексија на целиот светлосен спектар, па ви се чини дека снегулките се во бела боја.rn

Реклама

4. Првите фотографии

rnБлагодарејќи на земјоделецот Вилсон Бентли, денес снегулките ги цртаме во облик во кој тие и навистина се појавуваат. Тој успеал да го продолжи „животниот век“ на снегулката, која, благодарение на неговата брзина, денес уште „живее“ и е вистинска инспирација за зимски декорирања.

rn

5. Еден септилион снегулки

rnДали некогаш сте размислувале за тоа колку снегулки е потребно за да направите снешко? Само во Америка на годишно ниво паѓаат еден септилион кристали од небото. Број со многу, многу нули, дури 24!

Најново

Може ќе ве интересира