4 знаци дека не сте прв пат на земјава

Сподели

Според Стивен Бенкарз реинкарнацијата е духовно верување според кое душата по смртта го напушта телото и преминува во друго тело, откако ќе помине одредено време во духовниот свет. Некои од нив се враќаат за да ја ублажат кармата, некои за понатамошно развивање на душата. Како да знаете дека сте живееле и порано? Преку медитација можете интуитивно да почувствувате дека и порано сте биле на одредено место или пак ако размислите за карактеристиките кои ги поседувате – тие може да имплицираат на минатиот живот.

Реклама

rn

1. Вие добро ги читате луѓето

rnВие умеете да ги читате луѓето уште од многу рана возраст. Само со кратко набљудување вие можете да ги идентификувате карактеристиките на луѓето и нивните навики како и начинот на живот. Тоа е затоа што може да го препознаете архетипот на личноста од минатото и сте запознаени со однесувањето и психологијата на архетипот. Вие сте биле во контакт со илјадници луѓе и со уште толку души, па затоа не постои архетип со кои не сте стапиле во контакт. Вие сте набљудувач. Може да се пронајдете себеси во какви било заедници како некој кој постојано ги проверува работите, ги набљудува луѓето и нивното однесување како и размената на енергии. Дури се чувствувате поудобно кога се држите настрана отколку кога сте директен учесник.

Реклама

Со можноста која ви е дадена добро да ги читате луѓето исто така ви е доделена и една тешка задача – да бидете еден од најпрецизните детектори за лаги. Вие секогаш знаете кога некој се обидува да ве излаже. Вие ја забележувате дистанцираноста во очите на соговорникот, празнината во енергијата која ви ја испраќа и промената на гласот. Вие сте го поминале ова толку многу пати иако не сте имале толку многу искуство со лажливците. Тешко е човек да ве изманипулира затоа што можете да ги видите вистинските намери и настојувања на другите. Ги чувствувате луѓето интуитивно.rn

2. Не ви пречи да сте изолирани

rnВие уживате во поминатото време сами со себе. Не затоа што сакате да бидете осамени туку затоа што ви годи осаменоста. Вас ве задоволува да бидете сами со себе и да ги гледате ѕвездите на небото наместо да присуствувате на некоја журка. Сакате да го поминувате времето во природа повеќе отколку во некој трговски центар. Не значи дека вие сте затворена личност затоа што не ви е потребно признание од општеството за самите себе. Вашата вредност доаѓа поради врската на самите себеси и духовното во вас. Кога за прв пат сте пристигнале на земјава вашата инклинација била да научите како да ја играте играта на животот и да го направите покомфорен за себе. Вие сакате да се дружите и социјализирате, но не на истиот начин како и другите. На крајот од денот главното признание за вас е да се чувствувате задоволно со самите себеси.

rn

Реклама

3. Не се вклопувате во толпата

rnНе сакате да се однесувате по одредени правила и норми, вие не ја разбирате таа потреба. Апсолутно не сакате површни муабети и не разбирате зошто луѓето ги водат истите. Вие сте како лав кој е принуден да мисли дека е јагне. Вас ве ограничуваат нормите и правилата, но после неколку животи конечно ќе сфатите дека сте многу повеќе од тоа. Вие сте тие кои би започнале дискусии за луцидни соништа, правата за животните, продуховеност додека сите други би сакале да зборат за времето и спортот. Вие сте секогаш оние кои ги кршат конвенциите со вашите различни гледишта и интереси.

Многу важен е фактот дека вие и не знаете баш најдобро да се вклопите. Можеби сте пробале многу пати, но сте се почувствувале неудобно и токму поради тоа не сте успеале. И тоа е во ред. Работите кои вие ги правите за другите изгледаат чудно, на пример, вие без проблем би медитирале на јавно место и би го гледале изгрејсонцето. Можеби имате повеќе чудни навики од обичните луѓе, не затоа што се трудите да бидете различни туку затоа што не знаете да бидете како останатите.

rn

4. Вие имате еволуирана душа

rnЧесто луѓето доаѓаат од вас да побараат совет, па дури и ако сте помлади од нив. Тие ги ценат вашите совети затоа што имате отворени погледи кон светот. Понекогаш многу подобро ги разбирате и ги прифаќате работите од останатите. Многу брзо и лесно ги учите работите – она за кое вас ќе ви треба еден ден да го совладате, на другите им е потребна цела година. Тоа е токму поради причината затоа што не сте прв пат на земјата и многу лесно ги препознавате знаците. Вие се интересирате за стекнување на мудрост и искуство во текот на животот а не за социјален статус и слава. Копнеете по духовен прогрес и имате тенденција да прераснете во подобра личност. Таквата енергија ја споделувате со околината и затоа природата ве наградува.

Најново

Може ќе ве интересира