Не мора да бидеш суперхерој за да спасиш нечиј живот и да донесеш насмевка на нечие лице. Ова се 4 вистински приказни кои ќе ве мотивираат да станете подобри личности и да не губите верба во човештвото. Сепак, иако сме навидум најобични луѓе, ја имаме моќта за да предизвикаме промени и да направиме нешто добро со секој нов ден.rn
Човекот кој го искористи своето тело како подлога за безбедно слетување
rnВо 2009-тата, искусниот тренер по параглајдерство Дејв Хартсок доживеал голема несреќа од која излегол како вистински херој. Во тандем-скокот од 4 километри, алармирачко било сознанието дека поради дефект ниеден од двата негови падобрани нема да се отвори. Дејв успеал да се изротира и се поставил така што со неговото тело ја заштитил жената со која го изведувал параглајдерскиот скок.rnrn
rnrnИако бил нејзин инструктор, тешко е да се поверува дека постои човек со толку многу љубов кон човештвото што би се жртвувал себеси за да спаси нечиј живот. Жената претрпела тешки повреди, но успеала да се опорави и да продолжи да живее нормален живот. Како последица од овој пад Дејв за жал останал парализиран од вратот надолу и станал неспособен да се грижи самиот за себе.rnДејв е свесен за големата жртва која ја направил, но вели дека воопшто не се кае и дека повторно би постапил исто.rn
Девојката која им се спротивстави на насилниците
rnКако девојче и тинејџерка, Џоди Бланко поминала низ вистински пекол. Трпејќи навреди и омаловажувања од страна на училишните насилници, Џоди го минувала времето во страв и криејќи се во школските тоалети.rnГодини подоцна, веќе како возрасна жена, одлучила да напише книга за нејзиното искуство насловена како „Те молам престани да ме исмејуваш“. Книгата станува вистински бестселер и поттикнува широк одѕив кај публиката.rnrn
rnrnРазбирајќи колку е тешко да живееш под притисок и страв и дека неретко дури ни учителите не застануваат во твоја одбрана, Џоди денес дава сè од себе за помош на децата кои се во слична положба. Таа успева да допре до сите нив креирајќи проект против насилството во училиштата. Сепак, Џоди вели дека најважно е да успееш да им простиш на оние кои ти нанеле болка. „Доколку сакаш да им помогнеш на другите да го преживеат она што си го доживеал ти самиот, тогаш мора да знаеш да простуваш.“rn
Тинејџерката која го спаси школскиот автобус
rn17-годишната Грејсан Румер не размислувала за тоа дека не е искусен возач кога скокнала за да го контролира школскиот автобус, притоа спасувајќи ги животите на сите оние кои биле во него. Имено, таа забележала дека возачот одеднаш се онесвестил по што автобусот почнал да се движи без контрола. Автобусот бил полн со деца и Румер била свесна дека мора да стори нешто.rnrn
rnrnТелото на возачот кој изгубил свест ја спречувало да ја достигне кочницата и сè што можела да стори било да управува со брзиот автобус за да ги одбегне другите возила. На крај автобусот конечно запрел пред да удри во ограда.rnИако себеси не се гледа како херој, велејќи дека тоа што се случило било чудо, на Румер ѝ припаѓа вечната благодарност на многу родители и ученици.rn
Жената која им помага на жртвите повторно да го изградат својот дом
rnКако успешна и амбициозна жена, целта на Викторија Трабош била да се најде на насловната страна на „Тајмс“. Разговорот со една од преживеаните жени од геноцидот во Руанда, 1994 година, ѝ помогнал да сфати дека постојат толку многу поважни работи во животот, како и толку многу личности на кои треба да им се помогне.rnrn
rnrnЗапознавајќи луѓе кои претрпеле неописливи загуби, Викторија ја основа фондацијата Итафари која има за цел да им помогне на жителите на Руанда. Во изминативе 8 години, фондацијата собира и донира средства за помош на вдовиците и сираците во оваа земја во северна Африка. Овој потег трансформира и менува многу животи, а со давањето заеми за луѓето да започнат свои бизниси и плаќање школарини за децата да се образуваат, јасно е дека се цели за тамошните жители да станат што е можно понезависни и посамостојни.rnrnКога гледа назад кон она што го направила, на Викторија ѝ е јасно дека сè е возможно и дека секој од нас има моќ за големи подвизи во животот кои ќе предизвикаат значајни промени во нечиј друг живот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.