КАФЕ ПАУЗА

4 тајни пророштва за кои веројатно никогаш не сте чуле

4 тајни пророштва за кои веројатно никогаш не сте чуле

Нострадамус и Баба Ванѓа се едни од најпознатите пророци кои стекнале светска популарност благодарение на нивните застрашувачки пророштва. Но, постојат илјадници помалку познати претскажувања за кои веројатно не сте чуле досега. Тука припаѓаат следниве 4 претскажувања кои би требало да ги знаете, особено поради можните опасности и катастрофи кои тие предвидуваат дека ќе се случат во иднина…rnrn4 тајни пророштва за кои веројатно никогаш не сте чулеrn

1. Пророштвото на Хилдегард од Бинген

rnРодена во 1098 година, својот живот го посветила на Бог. Абес Хилдегард била калуѓерка во Бенедиктинскиот манастир. Компонирала, пишувала, се занимавала со филозофија и теолошки расправи. Таа имала визии за иднината кои започнале да ѝ се јавуваат уште кога била дете. Хилдегард го објавила нејзиното животно дело под името Скривиас, во кое се наоѓаат 26 од нејзините пророштва и визии. rnrnСпоред нив, не ни се пишува добро. Пред крајот на светот, големото кралство, кое се наоѓа преку океанот и има многу народи и племиња, ќе настрада кога ќе се појави кометата. Веројатно се работи за Америка. Исто така, многу други земји ќе бидат погодени од земјотреси, бури и поплави. Колониите ќе бидат преземени од „тигарот и змејот“ – онака како што денес се нарекуваат далекоисточните земји. Многу народи ќе гладуваат. Мирот во Европа ќе биде повторно воспоставен дури тогаш кога Франција повторно ќе стане кралство.rn

2. Третата тајна на Богородица од Фатима

rnПриказната почнува во 1917 година кога во Португалија две девојчиња и едно момче ја виделе лично Дева Марија. Таа всушност ги посетила неколку пати и им пренела три тајни за тоа што ќе се случи со нашата цивилизација. Двете тајни се објавени во документ од 1941 година од страна на едно од девојчињата. Но, само папата има клучеви од тајните документи во кои се наоѓа и третата тајна на Богородицата од Фатима.rnrnПрвите две тајни се однесуваат на Пеколот, Првата и Втората светска војна. Ватикан го одложувал објавувањето на третата тајна 83 години, за во 2000 година конечно да го претстави текстот во јавноста кој наводно се однесувал на обидот за убиство на папата Јован Павле Втори и прогонството на Христијаните ширум светот. Но, многумина сметаат дека последниот лист од пророштвото останал скриен, односно дека текстот претставен на јавноста во 2000 година не е баш целосен. А постојат и докази за тоа.rnrnКардиналите неколку пати рекле дека третата тајна е напишана на еден лист, а не на четирите објавени. Во третата тајна би требало да се наоѓаат информации за апокалипсата, сатаната и црквата. Тоа го нема во објавениот текст. Во текстот има и опис на Рим според кој сѐ е срушено и сите се мртви, а папата поминува преку сите нив, се качува на рид каде што го убиваат и него. Тоа некако не изгледа како атентатот на Јован Павле Втори. Освен тоа, ако тоа е навистина третата тајна, зошто после атентатот на папата чекале уште цели 20 години за да ја објават?rnrn4 тајни пророштва за кои веројатно никогаш не сте чулеrnrnДева Марија кога се јавувала во визии секогаш говорела дека сето тоа може да се одбегне ако човештвото се сврти кон љубовта, наместо кон омразата. Нејзината клучна порака била дека неопходна е преобразба на Русија, дека руската црква ќе пропадне и дека Русија ќе го загрози целото човештво. Тоа било само неколку месеци пред Октомвриската револуција и се толкува како најава за тоталитаризмот на Сталин. Поради тоа, Јован Павле Втори давал напор да се стави крај на Студената војна и да се сруши империјата СССР. Богородица им рекла на децата дека нејзиното последно појавување ќе биде на 13-ти октомври во 1917 година. Спомнала дека тогаш ќе се случи и таканареченото „чудо на сонцето“.rnrnТоа брзо се раширило и во Фатима се собрале околу 100.000 луѓе кои биле сведоци дека чудото навистина се случило. Сонцето прво се појавило од облак, потоа добило ореол од различни бои кои паѓале како виножито. На крајот се поместило кон хоризонтот. Сите тие 100.000 луѓе и десетици новинари тврделе дека ништо слично немале видено во животот.rn

3. Пророштвото на Алоис Ирлмаиер

rnАлоис Ирлмаиер бил обичен физички работник од Фрајсласинг во Баварија. Меѓутоа, тој покрај физичката сила имал и други интересни способности. Знаел некои работи кои не би требало да ги знае и говореле дека е видовит. Според легендата, тој по Втората светска војна на многумина им помогнал да ги пронајдат нивните блиски. Поради популарноста која брза ја стекнал, завршил на суд обвинет дека се занимава со вештерство. Судот го ослободил кога тој точно му опишал на судијата каква облека носела жена му дента и што точно правела.rnrnАлоис исто така го предвидел и денот на неговата смрт, но и некои други ситници. Тврдел дека ја видел Третата светска војна како на филм и истакнал дека таа ќе се води на Блискиот Исток и Медитеранот каде што ќе влезат во конфликт најголемите светски сили.rn

„Војната ќе почне кога двајца мажи ќе убијат трета важна личност. Тие се платени за тоа. Убиството ќе се случи на Балканот. Пред војната, годината ќе биде многу плодна и богата. Војната ќе дојде без предупредување, преку ноќ. Гледам прашина. Гледам три броја. Две осмици и деветка. Не знам што значат тие и не ја знам датата, ниту времето кога тоа ќе се случи“, тврдел Алоис.

rn4 тајни пророштва за кои веројатно никогаш не сте чулеrn

4. Пророштвото на Свети Нил од Синај

rnСвети Нил бил христијански монах од Синај. Живеел во петтиот век и зад себе оставил едно мало пророштво. Никогаш не било докажано дека тој навистина го напишал, но сепак е интересно и добро е да се знае. Тој ги предвидел авионите, подморниците, телефонските врски, па дури и Интернетот.rn

„Луѓето ќе најдат начин да разговараат од еден до друг крај на светот. По 1900-та година и во 20-тиот век луѓето ќе станат непрепознатливи. Кога ќе биде време за доаѓањето на антихристот, луѓето ќе бидат без чест и гордост. Светот ќе се промени… Нема да можеме да ги разликуваме мажите од жените поради бесрамното облекување и косата… Алчноста ќе владее. Луѓето ќе летаат како птици и ќе нуркаат на океанското дно. Но, кога ќе го постигнат сетот тоа, тие несреќни луѓе нема да знаат дека всушност му слугуваат на антихристот…“, така гласи крајот на неговата порака.

rnЗасекогаш ќе остане мистерија дали постои вистина во овие застрашувачки претскажувања на иднината, но во секој случај постои големо поклопување меѓу нив и реалноста иако станува збор за пророштва со векови стари. Нам ни останува да ги зачуваме човечките вредности и да докажеме дека неизбежниот ужасен крај што тие го предвидуваат е погрешен и неостварлив.