КАФЕ ПАУЗА

4 добри начини на употреба на дроновите

4 добри начини на употреба на дроновите

Беспилотните леталата на далечинско управување кои се попознати како дронови се создадени од американската армија за да им послужат во воени цели, но денес веќе се достапни на пазарот и секој може да ги купи. Затоа покрај за шпионирање и бомбардирање, има и луѓе кои ги користат во пацифистички цели.rnrn4 добри начини на употреба на дроновитеrn

За истражување на недостапни места

rnАрхеолозите во Перу ги користат дроновите за да извршат археолошки истражувања на локации кои се чувствителни на човечкото присуство или присуството на машини поради можноста за оштетување. Истражувачите на амазонските прашуми ги користат за да го намалат ризикот од смрт поради тропските болести или несакана средба со бројните предатори кои живеат таму. Исто така, веќе постојат слични направи кои на истражувачите им ги ставаат на дофат и морските длабочини кои инаку би било тешко да се достигнат.rn

За заштита на загрозените животински видови

rnWorld Wildlife Fund, непрофитна организација која се бави со заштита на загрозените животински видови лобира за воведување на дроновите како средство за шпионирање на ловокрадците. Тие би требало да ги лоцираат крадците и да испратат сигнал до полицијата.rnrn4 добри начини на употреба на дроновитеrn

Испраќање помош во подрачја погодени од катастрофа

rnПорано се испраќаа пакети со помош кои стигнуваа со падобран, но таа задача веќе можат да ја вршат дроновите. На нив може да се прикачи каков било пакет со хуманитарна помош и да се однесе во небезбедна област каде што сепак има луѓе на кои таа им е потребна.rnrnИако не се работи за хуманитарна помош, сепак вреди да се спомне дека Фејсбук работи на проект со којшто дронови кои работат на сончева енергија ќе донесат интернет сигнал буквално секаде во светот.rn

Новинарство на далечинско управување

rnВеќе има новинари кои собираат известувања од воените области со помош на беспилотни летала. Информирањето од местата каде што царува насилството повеќе нема да биде базирано само на она што властите имаат намера официјално да го соопштат.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.