Кога Лондон ја доби организацијата на Олимписките Игри во 2012 година, Британците беа многу возбудени поради ретката можност да бидат домаќини на најдобрите спортисти во светот. Сепак, тие некому се трн во око, па се обидуваат тоа да го покажат организирајќи чудни, но креативни алтернативни „спортски“ игри.
rn
Фетилимпијада
rnКако што кажува преводот од англиски на називот на овој „спортски“ настан, Фетилимпијадата е Олимпијада за дебели. Настанот е организиран од две феминистки кои сакаат „да се слави дебелото тело на јавно место“, а им пречи и „политиката на елитизам која преовладува во спортот“. Главната дисциплина во која посетителите ќе ги испробаат силите е тркалање по едно мало ритче во еден од лондонските паркови.rnrn
Чоколадни игри
rnОние кои не сакаат да применат ригорозен режим на здрава исхрана можат да се вклучат во турнирот организиран од страна на компанијата за производство на чоколадо „Chocolate Delight“. На нивните настани ќе научат да прават најфина чоколада, а потоа ќе „спортуваат“ со она што сами го произвеле. Предвидените дисциплини се борба со чоколадо, борба со палачинки и пинг-понг со чоколатца.rnrn
Скржави игри
rnНевладината организација „Младите се борат за работни места“ ги организира Скржавите игри со кои сака „да ја истакне лошата ситуација во која се наоѓаат младите во Лондон во време кога се организираат скапи Олимписки игри“. Тие сметаат дека оној дел од спортските објекти кои е планирано да се рушат или да се продадат на приватниот сектор по завршувањето на игрите треба да се искористат за да се обезбеди домување по пристапни цени на оние на кои им е најмногу потребно.rnrnНивните натпреварувачки дисциплини се наречени скок во височина на цените на имотот и трка кон дното.rnrn
Светски алтернативни игри
rnНа основачите на овој доста сериозен 17-дневен настан им здодеала вообичаеноста на Олимпијадите, па решиле во дивината на Велс да организираат Светски алтернативни игри во вкупно 50 дисциплини. Меѓу нив спаѓаат борење во гроб, носење на сопругата на грб, барање црви, трка со рачна количка, тркалање буриња, итн.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
