rn
7. Ер
rn
rnrnСпоред Платон, Ер бил војник кој загинал во битка. Кога помошта пристигнала после 10 дена, телата на другите војници веќе почнале да се распаѓаат. Но Ер изгледал релативно нормално. Кога го вратиле дома и го поставиле на погребната клада, Ер се разбудил и почнал да му кажува на луѓето што научил на „другата страна“.rn
8. Стивен Б. Рајденор
rn
rnrnСтивен имал искуство близу до смртта кога бил тинејџер во Вирџинија. Заедно со неговиот пријател, тој речиси се удавил во локалната река. Следните неколку години тој пробувал со најразлични лекови и дроги да го преживее еуфоричното искуство. Конечно, тој сфатил дека се движи по грешен пат и се одлучил да ја изучува медицината со цел да му врати на општеството.rn
9. Алис Морсон-Мејс
rn
rnrnАлис речиси умрела во болница во Њу Орлеанс после нејзиниот пораѓај во 1952 година. Неколку години подоцна таа имала уште едно вакво искуство кое ја натерало да направи огромни промени во нејзиниот живот. Иако била во инвалидска количка, таа почнала да се бави со музика и станала инспирација за многу хендикепирани луѓе.rn
10. Доктор Мери Нил
rn
rnrnКога се превртел нејзиниот кајак, докторката Нил била заробена под него. Таа имала искуство близу до смртта и тврди дека ги видела Бог, Исус и ангелите. Во нејзината книга „До рајот и назад“ (To Heaven and Back) таа опишува како Бог ѝ кажал дека нејзиниот 9-годишен син Вили ќе умре и таа ќе му биде потребна на семејството. Нил била „оживена“ од спасувачите, а 10 години подоцна нејзиниот син бил убиен од возач кој бил на телефонот додека возел.rn
11. Артур И. Јенсен
rn
rnrnАртур имал сообраќајна несреќа во 1930-тите додека ја поминувал Америка како автостопер. Тој тврди дека го видел рајот, а подоцна напишал и книга за тоа. Тој се бунтувал против религиските воспитувања и бил атеист, но по неговата несреќа станал еден вид мистик.rn
12. Џени Вулф
rn
rnrnЏени била однесена во болница во Њујорк поради компликации кои настанале од ендрометриоза. За време на една од операциите таа имала искуство близу до смртта каде што летала надвор од своето тело и била во најубавата градина која ја имала видено. На врвот на некој рид го видела Исус кој ѝ кажал дека од неа зависело дали сака да остане или да се врати. Таа одлучила да се врати во нејзиното тело и тоа го опишува како нејзино повторно раѓање.rnrnПродолжува на следната страница…rn
