rn
16. Оазата Хуакачина, Перу
rn
rnrnОва е село изградено околу убава оаза и е опкружено со пустина. Според локалните жители, калта околу езерото во средината има лекувачки моќи.rn
17. Пловечко рибарско село во Халонг Беј, Виетнам
rn
rnrnРибарското село наречено Куа Ван е едно од најголемите пловечки села во светот. Локалните жители се рибари и нема куќи на копното одоколу, само пловечки куќи во морето. Овде има и училишта и центри за активности.rn
18. Водопадите Игуазу, Бразил
rn
rnrnОвие водопади се наоѓаат на границата помеѓу Аргентина и Бразил. Заедно ја создаваат најголемата мрежа водопади во светот. Според една локална легенда, еден бог сакал да се венча со некоја девојка која го предала. За да ѝ се одмазди, тој ја пресекол реката на половина за да ја спречи да биде со својот сакан.rn
19. Темни грмушки, Северна Ирска
rn
rnrnОва е магична улица на која има неверојатни дрвја. Дрвјата растат врз патот и прават да изгледа како тунел. Патот најмногу е познат бидејќи беше локација за снимање на серијата „Игра на тронови“.rn
20. Националниот парк Торес дел паине, Чиле
rn
rnrnОвој парк е комбинација од убави планини, реки, езера, водопади и глечери. Овој рај на Земјата е најголемиот и најпосетениот парк во Чиле. Секоја година го посетуваат околу 252.000 посетители.rnrnПогледнете и кои се најевтините дестинации во Европа за викенд патување.
