Осаменоста е еден од најголемите човечки стравови и не секој може да го поднесе тоа. Осаменоста е привилегија само за многу малку луѓе кои не само што се познаваат себеси, туку се емотивно и ментално силни да се носат со тоа. Осаменоста носи внатрешен мир, а поединците кои уживаат во тоа го ценат секој момент на разговор со себе и со своите мисли. Тие се исполнети со позитивна енергија, се чувствуваат исполнето и знаат каде е границата во комуникацијата. Овие позитивни карактеристики ги издвојуваат од останатите.rnrn
rn
1. Тие се емоционално силни
rnОвие личности поминуваат многу време со себе и се свесни за своите емоции и знаат како да се справат со нив. Се разбираат себеси многу добро.rn
2. Многу се емпатични
rnТие ги набљудуваат, ги слушаат и ги разбираат другите луѓе. Токму затоа знаат да ви дадат утеха и поддршка.rn
3. Многу се морални
rnДодека се опкружени со својата осаменост, тие размислуваат за различни работи и ситуации и можат да го разликуваат доброто од лошото.rn
4. Го гледаат светот со отворен ум
rnТие немаат наметнат начин на размислување, туку го гледаат светот без предрасуди, од своја перспектива. Тие секогаш размислуваат за одредена ситуација, пред да донесат мислење и одлука.rn
5. Не чувствуваат потреба да се вклопат во масата – тоа може и да ги исплаши
rnТие се задоволни со самите себе и не обрнуваат внимание на туѓото мислење.rn
6. Знаат дека не се несовршени и немаат проблем да го признаат тоа
rnНикој не е совршен, а луѓето кои ја сакаат осаменоста се повеќе свесни за тоа од другите. Тие не сакаат да бидат нешто што не се.rn
7. Уживаат во друштво на паметни луѓе
rnНив ги нервираат луѓето што водат бесмислени разговори. Тие би избрале да бидат сами отколку да бидат дел од тие исцрпувачки разговори. Затоа, навистина ги ценат луѓето со кои може да разговараат на нивно, длабоко ниво.rn
8. Го ценат своето време, но и времето на другите
rnЗнаат дека животот е краток и не сакаат да губат време на бесмислени работи.rn
9. Многу се интуитивни
rnОвие личности имаат силна интуиција, што произлегува од нивната осаменост и од тоа што ги слушаат суптилните сигнали што им ги испраќа телото.rn
10. Независни се
rnЗа нив нема ништо полошо од тоа да зависат од некого. Затоа, тие секогаш даваат сè од себе за да бидат независни личности. Тие повеќе би живееле скромно и самостојно отколку во луксузот и богатството на некој друг.rn
11. Имаат јасно мислење за светот во кој живеат
rnНо, тие нема да го споделат своето мислење со сите затоа што немаат волја или време да се вклучат во дискусии само затоа што размислуваат поинаку од повеќето луѓе.rn
12. Растат духовно
rnТие работат на своето духовно воздигнување и тоа многу повеќе од луѓето кои не можат да ја поднесат осаменоста. Да бидете сами со себе и со вашите мисли е фантастична способност да растете во сите аспекти на животот.rn
13. Тие се љубезни кон другите
rnОвие личности се многу емпатични и се придржуваат кон мотото „однесувајте се кон другите како што би сакале другите да се однесуваат кон вас“. Кога сите би размислувале на овој начин, светот би бил многу поубаво место за живеење.rn
14. Знаат да постават здрави граници
rnСвесни се за своите, но и за способностите на другите. Тие ги почитуваат границите на другите луѓе, но очекуваат и другите да ги почитуваат нивните граници.rn
15. Не им е проблем да се соочат со светот
rnТие се храбри и сигурни во себе. Можат да се соочат со што било и да се справат со тоа. Не сакаат да ги носат проблемите како товар на грбот, што со текот на времето станува сè потежок.rn
16. Тие се многу зрели
rnНе брзаат во донесувањето одлуки. Знаат дека треба внимателно да размислат за сè и потоа да донесат одлука. Тие се смирени, рационални и склони кон пронаоѓање добри решенија.rn
17. Се сакаат и се почитуваат себеси
rnНикој не може да очекува другите да го сакаат и да го почитуваат, ако тој сам не се сака и не се почитува. Луѓето кои сакаат да бидат сами се свесни за важноста на љубовта кон себе и за своите вредности.rn
18. Тие бараат квалитетни љубовни врски
rnНе сакаат површност и затоа не сакаат ни такви врски. За нив е исклучително важно да имаат партнер со сличен начин на размислување.rnrnТие би избрале да живеат сами отколку со некој што им го нарушува душевниот мир.rn
19. Ги знаат своите слабости, но и своите силни страни
rnТие се разбираат себеси многу добро и не се залажуваат. Ги знаат своите слаби точки и ги прифаќаат.rn
20. Тие се доверливи
rnЛуѓето кои ја сакаат осаменоста се многу добри пријатели и секогаш можете да се потпрете на нив. Иако најчесто вистинските пријатели може да ги изброите на прстите од едната рака, тие се подготвени да скокнат во оган за нив ако тоа е потребно. Кога ќе ветат нешто, го исполнуваат.rnrnПогледнете како да се ослободите од осаменоста во 4 едноставни чекори.