КАФЕ ПАУЗА

20 интересни подароци за оние кои велат дека „не им треба ништо“

20 интересни подароци за оние кои велат дека „не им треба ништо“

Што да им купите на „минималистите“ кои велат дека ништо не сакаат, ниту им треба – а всушност ви препорачуваат да не трошите пари на подароци кои ќе им создаваат неред или ќе им собираат прашина? Ако барате совршен подарок за вашите пријатели или најблиски, можеби овие идеи ќе ве инспирираат.rnrn20 интересни подароци за оние кои велат дека „не им треба ништо“rn

Резервирајте им авантура

rnПодарок во вид на доживувачко искуство е одлична идеја. Размислете за скијање, јавање, возење со хеликоптер или прошетка со чамец. Овие подароци можат да им помогнат да дознаат нови работи за местото или градот што го посетуваат.rn

Набавете им влезници

rnВлезници за концерт, филм или претстава се одлични подароци за минималистите. Тоа може да биде културно случување, прошетки, спортски игри и слично. Купете две карти и ова нека биде ваше заедничко искуство.rn

Дарувајте им го своето време

rnЗакажете состанок со нив, и изнесете ги на кафе или филм. Може да биде и попладневна прошетка во паркот или само разговор преку телефон.rn

Помогнете им да закопаат во своето минато

rnУслугите кои нудат ДНК тестирање помагаат да проверите од каде потекнувате. Со ова може да ја откриете историјата, минатото и етничката припадност, како и да направите семејно стебло.rn

Дарувајте семе за нови билки

rnЉубителите на билките и градинарството ќе го ценат семето. Можете да најдете секакви видови семиња онлајн, па дури и можете да направите цела корпа со разни семиња за зеленчук, цвеќиња и билки.rn

Дарувајте претплата на некоја онлајн услуга

rnТука мислиме на услуги како што се Нетфликс, или ХБО, па дури и Амазон Прајм. Сепак не ги занемарувајте и годишните членства во локалните музеи, зоолошки градини, ботанички градини и други културни институции.rn

Пратете цвеќе

rnПосетете ја локалната цвеќара за едноставен цветен аранжман, или пратете цвеќе преку достава.rn

Запишете ги за некое предавање

rnМногумина сакаат да научат да свират на некој музички инструмент, или да земат часови по танцување, фотографија, креативно пишување или готвење. Вложете во нивната креативна или професионална иднина со плаќање на предавање. Дури и ако се занимавале со тоа хоби, добро е да се усовршат.rn

Подарете им нешто за јадење или пиење

rnШише добро вино или ликер, кутија убави чоколатца или добро сирење се подароци кои секогаш се ценат, а не заземаат многу простор во домот. Можете да бидете креативни и да направите ваши колачиња или џемови.rn

Дарувајте им картичка

rnНекои мислат дека картичките може да бидат безлични, но картичките за ручек во омилениот ресторан и слично може да биде прекрасен персонализиран подарок.rn

Донирајте во нивната омилена хуманитарна организација

rnАко вашиот пријател е филантроп, направете донација во неговата омилена организација. Одете чекор подалеку и волонтирајте во некој проект кој му значи.rn

Почестете ги со вкусен оброк

rnОрганизирајте вечера кај вас дома и згответе нешто, или заедно излезете на вечера. Ќе се поврзете за работи кои ги сакате.rn

Пратете ги на прошетка за храна и пиење

rnБез разлика дали се работи за пивница или фабрика за чоколада, ќе биде интересно но и поучно.rn

Организирајте им достава на грицки

rnИмате пријател кој сака грицки? Договорете да им се доставуваат дома – редовна достава со која ќе се сети на вас секогаш кога ќе им стигне пакет.rn

Организирајте забава кај вас дома

rnЗа забава дома не треба многу, ама осигурете се дека имате доволно пијалаци.rn

Направете дигитална фото-книга

rnНаправете персонализиран видеозапис и ставете го на ЦД. Скенирајте и некои испринтани слики и направете видео или фото колаж.rn

Купете им веб домен

rnИмате пријател кој се обидува да започне бизнис? Купете му веб адреса, и потоа сменете го сопственикот на нивниот имејл.rn

Подарете им електронска или аудио книга

rnЕлектронските книги или аудио книгите се одлични подароци за оние кои сакаат да имаат библиотека на својот електричен уред. Амазон овозможува да купите е-книги.rn

Дарувајте им ги своите услуги

rnПлатете им за маникир или масажа. За тоа време, понудете се да им го исчистите станот, прошетате кучето или да им ги чувате децата. Може да ги чувате децата и цел викенд, доколку се нови родители.rnrnПрочитајте и за овие 8 ретро подароци кои сè уште треба да ги подаруваме.