Луѓето чувствуваат различно ниво на комфор кога станува збор за споделувањето на Фејсбук. Една нова студија објавена во списанието Лични индивидуални разлики го објаснува ова. Истражувачите собрале податоци од 555 корисници на Фејсбук и откриле 4 практики кои кажуваат различни нешта за карактерот на луѓето.rnrn
rn
ОНИЕ ОД ДОБРАТА СТРАНА
rn
1. Објавуваат многу
rnТие се зависни од социјални медиуми. Не е важно дали објавуваат нешто важно или само фотографија од оброкот кој го зготвиле/нарачале дента. Што значи ова? Нема ништо лошо во врска со овие личности – тие се едноставно екстроверти.rn
2. Објавуваат или респоделуваат објави на интелектуални теми
rnНаместо да ги држат сите во тек со нивниот личен живот, овие луѓе објавуваат видеа од TED или нови статии кои ги интересираат. Другите можеби ова не би ги интересирало, но нив тоа им дава една позитивна карактеристика – отворен ум.rn
ОНИЕ ОД ЛОШАТА СТРАНА
rn
1. Ги објавуваат нивните достигнувања
rnДобиле унапредување на работа или само што се вериле. Првата помисла е да му кажат на светот за тоа. Ако фидот им е полн со вакви постигнувања, тоа може да е знак дека се работи за нарциси кои сакаат да му кажат на светот колку се подобри од сите други. Длабоко во себе, нарцисоидните луѓе чувствуваат одредена несигурност.rn
2. Објавуваат многу за љубовниот живот
rnНекои луѓе се многу драматични кога станува збор за љубовниот живот и мислат дека во ред е да дарматизираат јавно копирајќи ги клише сцените од романтичните филмови. Но, според студијата, ова е знак за предупредување. Имено, луѓето кои константно објавуваат новини за нивниот љубовен живот се всушност несигурни. Поточно, истражувачите веруваат дека оние кои постојано објавуваат нешто за нивниот партнер на тој начин компензираат за чувството кое го имаат дека го губат.rnrnИзгледа време е да се преиспитаме за она што го споделуваме на Фјсбук, малку да одмориме од редовните објави и да поработиме на себе.