КАФЕ ПАУЗА

(Не)откриена тајна од градењето на Кинескиот ѕид од која ќе се наежите

(Не)откриена тајна од градењето на Кинескиот ѕид од која ќе се наежите

Кинескиот ѕид бил граден со векови – првите темели за одбрана од напади биле изградени во V век п.н.е., а градбата продолжила до 17 век! Најпознатите делови од ѕидот биле изградени помеѓу 15 и 17 век, за време на династијата Минг, кога ѕидот ја добил препознатлива форма што најчесто ја гледаме на фотографиите денес.rnrn(Не)откриена тајна од градењето на Кинескиот ѕид од која ќе се наежитеrnrnКога целиот ѕид бил поврзан, тој се протегал на вкупно 8851 километар, со просечна висина од 15 метри и ширина од 7 метри. Во меѓувреме, УНЕСКО го запишал на списокот на светско културно наследство и до денес останува еден од најфасцинантните градби направени од човечка рака.rnrnСе разбира, многу легенди се поврзани со оваа изградба. Од генерација на генерација, со задоволство се раскажува приказната за благородната и храбра девојка Менг Јанг Ну, која се вљубила и се омажила за Фан Ксилијанг. Иако сакала да го скрие вереникот од кинеските власти кои барале работна сила за да го изградат ѕидот, Фаа бил однесен токму за таа цел. Менг повеќе од една година не чула никакви вести за нејзиниот сопруг, па решила да го посети.rnrn(Не)откриена тајна од градењето на Кинескиот ѕид од која ќе се наежитеrnНа долго патување кое траело две години, таа наишла на многу природни пречки, но конечно дошла до делот од ѕидот каде што работел нејзиниот сопруг. За жал, стигнала толку далеку само за да да открие како Фан починал од истоштеност. Слушајќи го ова, Менг не можела да ја задржи тагата, па плачела три дена по ред. Легендата вели дека поради толку многу плачење, Менг со солзи уништила дел од ѕидот.rnrnЛегендата за Менг и Фан сака да покаже колку луѓе платија со своите животи за да го изградат ѕидот работејќи во тешки и невозможни услови. Некои историчари тврдат дека ѕидот го граделе скоро два милиони работници и дека многумина завршиле со фатални последици поради глад, замор или несреќа.rnrnПостојат страшни приказни дека сите овие тела биле заѕидани во Кинескиот ѕид и станале составен дел од таа туристичка атракција, која секоја година ја посетуваат милиони светски патници. Точно или неточно? Не сме сигурни дека сакаме да ја дознаеме вистинската вистина во овој случај.rnrnПогледнете ја оваа неверојатна модерна книжарница во Кина.