18 магични употреби на вазелинот

Сподели

Сигурно сте го забележале во многу продавници. Веројатно не мислите ништо за него, но вазелинот е магичен продукт за убавина кој не знаевте дека ви треба. Тој не е само за навлажнување на кожата, всушност вазелинот е одличен за дури 18 алтернативни употреби. Погледнете за што станува збор.

Реклама

rn

1. Шминка

rnАко имате стара сенка за очи, само додајте малку вазелин во неа и ќе имате нов кармин! Ако имате кармин кој не го користите, измешајте го со малку вазелин и ќе добиете кремасто руменило за образи.rn

2. Полирање на чевли

rnГи оштетивте омилените чизми? Немојте да се грижите. Само ставете малку вазелин на оштетеното место и тие ќе станат како нови.rn

3. Отстранување на шминка

rnМарамчињата за отстранување на шминка може да бидат скапи, а и груби за вашата кожа. Вазелинот е евтин и нежен начин да ја отстраните шминката, па дури и тврдоглавата водоотпорна маскара.rn

4. Пилинг за тело

rnДодајте малку морска сол или шеќер во вазелинот и ќе добиете прекрасен пилинг за тело. Не само што вашата кожа ќе биде чиста и свежа, туку вазелинот истовремено ќе ја навлажни.rn

5. Фарбајте ја косата… не кожата

rnАко се фарбате дома, тогаш ја знаете маката кога ќе обоите друг дел од телото наместо косата. За да го решите овој проблем, нанесете вазелин на линијата на косата и на вашите уши пред да се фарбате.rn

6. Одржување на жилетите

rnНанесувањето тенок слој на вашите жилети ќе ги одржи поостри подолго време. Ова исто така ќе помогне бричењето да биде понежно.rn

7. Суви стапала

rnНанесете дебел слој вазелин на стапалата и облечете чорапи пред да си легнете. Можеби ви звучи одвратно, но вашите стапала ќе бидат чисти, навлажнети и по неколку денови нема да ги препознаете.rn

8. Средување на кутикулите

rnНанесете малку вазелин на вашите кутикули и ќе ја намалите болката. Овој третман исто така ќе ги зајакне.rn

9. Најдобриот маникир/педикир

rnНанесете малку вазелин на кожата околу вашите нокти пред да ги лакирате. Ова ќе ви помогне да го лакирате само нокотот, а не и кожата околу него.rn

10. Подолго траење на парфемот

rnНајдобриот начин да го „натерате“ парфемот да трае подолго е да нанесете вазелин на местата каде што ќе го нанесете.rn

11. Одржете ги фенерите од тиква свежи

rnАко сакате да правите фенери од тиква за Ноќта на вештерките, ставете малку вазелин на исечените места и ќе го забавите процесот на скапување.rn

12. Спречете го влегувањето на шампонот во очите

rnОва е навистина добро за мајките. Нанесете малку вазелин над веѓите на бебето и ќе ја спречите водата да оди на неговото лице.rn

13. Скријте ги испуканите врвови на косата

rnПонекогаш е невозможно да одите на фризер секогаш кога е потребно. Кога ќе се случи ова, нанесете малку вазелин на испуканите врвови за да ги прикриете.rn

14. Отстранување на шминка од облеката

rnСамо нанесете малку вазелин на дамката и исперете како и обично.rn

15. Заштитете ги раните

rnКога бил откриен, вазелинот се користел за спречување на инфекции на разни рани. Тој не е антисептик, но е како ѕид помеѓу раната и батериите.rn

16. Отстранување гума за џвакање од косата

rnНанесете вазелин околу гумата за џвакање и косата околу неа, и таа ќе излезе лесно без да ја оштетите косата.rn

17. Отстранување на восок

rnКога восокот од свеќата ќе капне на некоја површина, можете да го отстраните со вазелин. Нанесете малку вазелин околу восокот, оставете го некој период да отстои, па избришете.rn

18. Поправање на мали гребаници

rnНанесете малку вазелин на гребаницата на дрвениот мебел и оставете го да отстои 24 часа. Потоа избришете.

Погледнете ги и овие кратки совети за убавина.

Популарно

Може ќе ве интересира