17 важни настани кои би требало да се случат до 2050-та година

Сподели

rn

Реклама

2038: Националната архива на САД ќе ја открие мистеријата за убиството на Џон Ф. Кенеди

rnИ покрај тоа што се верува дека убиецот на Кенеди е Ли Харви Освалд, оваа верзија сепак отвора повеќе прашања отколку што ни дава одговори. Многу луѓе не веруваат во неа. Информациите за убиството се строго доверливи до 2038 година. Веројатно има добра причина за тоа.rn

2040: Ќе почне да оперира Интернационалниот термонуклеарен експериментален реактор

rnКонструкцијата започнала на југот на Франција во 2007 година. Овој реактор е многу побезбеден од традиционалните нуклеарни реактори, бидејќи во случај на несреќа, емисијата ќе биде мала и ќе нема потреба од евакуација.rn

2045: Време на технолошка сингуларност

rnСпоред луѓето кои веруваат во теоријата за технолошка сингуларност, порано или подоцна ќе постои момент кога технолошкиот напредок ќе биде толку комплексен што ќе стане невозможен за разбирање. Некои луѓе сметаат дека ова ќе биде моментот кога човештвото ќе се соедини со машините, и ќе настане сосема нов вид луѓе.rn

2048: Забраната за копање минерали на Антарктикот ќе престане да важи

rnСпоред „Системот на антарктичкиот договор“, ниту една држава не ја поседува оваа територија. Ископувањето на минерали од овој континент е строго забрането, но можеби ќе се најде некоја согласност до 2048 година.rn

2050: Ќе започне колонизацијата на Марс

rnСе верува дека до 2050 година на Марс ќе има колонија. Можеби таа ќе биде дел од проектот Марс 1, но научниците до тогаш мораат да решат уште многу проблеми. Сепак постојат и луѓе, како на пример Стив Вознијак, кои сметаат дека нема да отидеме на друга планета. Нам ни останува да чекаме.

Погледнете и како би изгледале патничките авиони во иднина.

Популарно

Може ќе ве интересира