rn
9. Најстариот градник (стар 500 години)
rnОвој градник се користел помеѓу 1390 и 1485 година во Австрија. Постојат поранешни историски описи за „вреќа за гради“, но никогаш не биле видени.
rn
10. Најстарата протеза (стара 3.000 години)
rnТаа се користела за да му помогне на некој во Египет повторно да оди. Тестовите кои биле направени, покажале дека протезата била практична и функционирала.
rn
11. Најстарата чанта (стара 4.500 години)
rnОвие кучешки заби се сè што останало од распаднатата чанта, која била пронајдена во Германија. Тие се најверојатно дел од надворешната страна на чантата.
rn
12. Најстариот кондом (стар 370 години)
rnКондомот од овча кожа се користел во 1640 година во Шведска. Реупотребливиот кондом имал инструкции (на латински), да се чисти со топло млеко за да се спречи заразувањето од сексуални болести.
rn
13. Најстарата гума за џвакање (стара 5.000 години)
rnГумата за џвакање од Финска, била изџвакана пред околу 5.000 години. Таа се состоела од брезова кора, а најчесто се користела за да се лечат усни инфекции или пак се користела како лепило.
rn
14. Најстарата запишана мелодија (стара 3.400 години)
rnНајстарата сочувана запишана мелодија била пронајдена во Угарит, кој сега е дел од Северна Сирија. Музиката била напишана за лира (инструмент сличен на харфа).
rn
15. Најстарата монета (стара 2.700 години)
rnНајстарата монета била пронајдена во древниот старогрчки град Ефес во Турција. Монетата има само една украсена страна со лик на лав.
rn
16. Најстариот глобус (стар 510 години)
rnОвој глобус бил изгравиран на површината на јајцето од ној во Италија. Пред да се потврди староста и потеклото, во Лондон 2012 година, глобусот на еден пазар за мапи бил продаден на сегашниот сопственик.

