rn
11. Зелката во Кина е синтетичка
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=-noj-r5ReRwrnrnИзгледа дека се навикнавме на помислата дека сè може да биде синтетичко, а оваа зелка направена од некоја течна супстанца изгледа навистина реално. Се разбира, ова не се продава како храна. Оваа лажна зелка е всушност модел кој се користи во рестораните во Кина, Кореја, Јапонија и некои други држави.rn
12. Шварценегер ја поминал ноќта до неговата статуа
rn
rnrnОткако Арнолд Шварценегер се пошегува на неговиот Инстаграм профил изјавувајќи „Како се менуваат времињата“, фотографијата беше споделувана со целосно нова приказна. Според оваа легенда, актерот не можел да најде хотел па ја поминал ноќта надвор до неговата статуа. Се разбира, Шварценегер не преноќил надвор и фотографијата не е направена до хотел, туку до конференциска сала, а статуата го прикажува Арнолд во неговата најдобра форма.rn
13. Барак Обама позира до заспан човек во метрото
rn
rnrnОва е уште еден пример како некој може да употреби 2 фотографии и да направи една која изгледа премногу реално. Фотографијата е дело на Инстаграм корисникот Average Rob кој прави неверојатни фотоманипулации.rn
14. Растопен автомобил во САД поради жешкото време
rn
rnrnОваа фотографија е реална, но не поради временските услови во Аризона. Автомобилите навистина се растопиле, но поради пожарот што бил во близина.rn
15. Бабата на Меланија била пилот од Советскиот Сојуз
rn
rnrn„Бабата“ дури беше крстена Олга Орлиф, презиме што им звучи чудно на сите коишто се запознаени со руските презимиња. Секој што ги сака филмовите од 50-тите ќе познае дека на фотографијата е Џенет Леи која глумела руски шпион во филмот „Џет пилот“ (Jet Pilot).rn
16. Сираче од Ирак ја нацртало мајка му и заспало врз неа
rn
rnrnМногумина плачеле на оваа фотографија бидејќи според описот овде е прикажано девојче од Ирак кое ги изгубило родителите. Толку ѝ недостасувала мајка ѝ што ја нацртала и заспала врз цртежот. Но, ова девојче има мајка, татко па дури и братучедтка која ја направила фотографијата. Покрај тоа, девојчето е од Иран, а не од Ирак. Братучедтката на девојчето изјавила дека таа си играла на улицата, се изморила и заспала до нејзините цртежи со креда. Бидејќи не сакала да го испушти моментот, ја направила фотографијата.rnrnПогледнете и во кои митови веруваме благодарение на моќта на рекламите.
