rn
8. Облаци Келвин-Хелмхолц
rn
rnrnОваа формација на облаци многу наликува на морски бранови. Тие може да се појават секаде, но се толку ретки што тешко е да пронајдете фотографија или видео од нив.rn
9. Сончево затемнување
rn
rnrnЦелосното затемнување може да се набљудува многу често. Но, годишната соларна еклипса, кога можете да забележите прстен околу сонцето, е навистина ретка.rn
10. Дупки во облаците
rn
rnrnОва е уште еден феномен за кои научниците немаат објаснување. Една од теориите е дека кога некое летало поминува низ облаците, дел од водните капки се претвораат во тешки кристали и паѓаат на земјата.rn
11. Месечево куче
rn
rnrnВо овој случај месечината создава ореол со 2 „близнаци“ од страните. Овој оптички феномен е многу редок бидејќи потребно е месечината да биде полна и многу светла.rn
12. Бисерни облаци
rn
rnrnИ овие облаци се резултат на прекршувањето на светлината. Тие се појавуваат на височина од речиси 15 километри, а минималната температура треба да биде -78 степени Целзиусови.rn
13. Норвешка спирала
rn
rnrnОваа чудна аномалија која ја забележале илјадници луѓе во зимата во 2009 година, предизвика многу теории. Луѓето зборувале за вонземјани, па дури и за црни дупки. Сепак, се откри и „нормално“ објаснување – причината била неуспешна експлозија на проектил.rn
14. Огнено торнадо
rn
rnrnОва е можеби најдеструктивниот феномен и настанува од неколку пожари. Најчесто се случува кога има голем пожар, а единствениот начин да го избегнете е со летање.rn
15. Сончево куче
rn
rnrnСончевото куче, или лажно сонце, е исто како феноменот месечево куче. Тоа се појавува само за време на зимата бидејќи не е ништо повеќе од сончеви зраци кои се прекршуваат од кристалите мраз.rnrnПогледнете и некои од најпознатите историски мистерии кои конечно се решени.
