Можеби учителите не носат наметки на суперхерои, ниту пак кога ќе излезат на улица им бараат автограми, но дефинитивно заслужуваат огромна благодарност. Благодарност за нивното трпение, љубов и родителска грижа. Благодарност за тоа што вложувале во нашето образование дури и тогаш кога нивниот труд не бил доволно платен. Да се потсетиме за што сè сме заборавиле да им се заблагодариме на нашите учители и учителки. Уште поважно, ако повторно ги сретнеме, да им кажеме едно „благодарам“ иако нема да знаат зошто им го велиме тоа.rnrn
rn
1. Благодариме што нè учевте да делиме еден со друг
rnНè научија колку е важно да се дели и да се биде несебичен. Колку е важно кога твоето другарче не носи блок, да му позајмиш лист.rn
2. Благодариме за сите прегледани тестови, смирување на кавгите и следењето на школската програма
rnИако знаеме дека имавте многу обврски и на приватен план.rn
3. Благодариме за секое колаче и бонбонче
rnКое си го сфаќавме како најголемата награда на светот.rn
4. Благодариме што ни влевавте самодоверба
rnШто нè натеравте да сфатиме дека сме добри во нешто.rn
5. Благодариме за вашите насмевки
rnИако е тешко цел ден да држиш насмевка на лицето. Сигурно и вие сте имале лоши денови.rn
6. Благодариме за секоја пофалба и укор
rnБидејќи и двете ни беа потребни.rn
7. Благодариме за следењето на нашиот напредок
rnИако мразевме кога ќе ги повикавте нашите родители на разговор, сега сфаќаме дека било за наше добро.rnrn
rn
8. Благодариме за дисциплината на часот
rnБидејќи заслуживме да учиме во мирни услови кои вие ни ги овозможивте.rn
9. Благодариме што нè поттикнувавте на креативност
rnСекојдневно, со секој проект, цртеж и состав, нè теравте да размислуваме и твориме. Неизмерно сме благодарни.rn
10. Благодариме за секоја божиќна и велигденска декорација
rnБлагодариме што нашите училници изгледаа како куќата на Дедо Мраз.rn
11. Благодариме што нè ставивте пред себе
rnНемојте да мислите дека сме заборавиле на вашите жртви за нас.rn
12. Благодариме што верувавте во нас
rnИ не ни се смеевте на промашениот состав или погрешно решената задача.rn
13. Благодариме што секојдневно се справувавте со нашите проблеми
rnСо секоја кавга со нашите другари, секоја изгубена тетратка, секоја солза.rn
14. Благодариме што ни ги сменивте животите
rnШто нè описменивте и ни ја дадовте основата за понатаму.rn
15. И за крај, благодариме што нè гледавте како свои деца.
rnИ сфаќаме колку таа постапка е несебична и хумана.