КАФЕ ПАУЗА

15 навистина необични работни места

rn

6. Професионален гушкач

rn(6)15-navistina-neobichni-rabotni-mesta-kafepauza.mkrnrnВо свет кој е движен од технологијата, премногу луѓе се чувствуваат осамено. Понекогаш на луѓето им е потребен човечки допир без секс. Па, сега има луѓе кои го нудат токму ова. Професионалните гушкачи доаѓаат во вашиот дом и ви го даваат допирот кој го посакувате. Златното правило за ова работно место е да нема никаков сексуален контакт.rn

7. Човек што допира лица

rn(7)15-navistina-neobichni-rabotni-mesta-kafepauza.mkrnrnПродуктите за лице кои ја прават вашата кожа мазна и мека се навистина познати. Па, компаниите кои произведуваат продукти за убавина најмуваат „допирачи на лица“. Нивната задача е да го допираат лицето на луѓето пред и по нанесувањето на некој продукт. Бидејќи оваа работа бара посебни вештини, не може секој да ја работи.rn

8. Човек што тестира трикови

rn(8)15-navistina-neobichni-rabotni-mesta-kafepauza.mkrnrnНекои телевизиски програми за натпреварување ги тераат натпреварувачите да јадат одвратни работи, а токму ова привлекува публика. Бидејќи овие работи обично не се наменети како храна за луѓето, продуцентите мора да се осигурат дека се безбедни за консумирање. Па тие најмуваат „тестери“ кои јадат бубачки и други непријатни работи. Оваа работа е навистина ризична, па луѓето кои ја работат се подготвени на сè.rn

9. Собирач на црви

rn(9)15-navistina-neobichni-rabotni-mesta-kafepauza.mkrnrnАко сте страстен риболовец сигурно знаете дека живите мамки се најдобри. Постојат многу продавници кои ги продаваат црвите кои ви се потребни за риболовот. Овие продавници вработуваат собирачи на црви чија цел е токму тоа, да собираат црви. Оваа работа е одлична доколку сакате да поминувате многу време на отворено.rn

10. Гол модел

rn(10)15-navistina-neobichni-rabotni-mesta-kafepauza.mkrnrnЕдна од најчистите форми на уметност е човечкото тело. Додека уметниците учат да цртаат, гледањето од фотографии не е најлесниот начин за да го сторат тоа. Па училиштата за уметност вработуваат модели кои позираат голи за нивните ученици. Нема потреба да имате совршено тело за оваа работа. Потребна ви е само огромна самодоверба и способноста да седите мирно подолго време.rnrnПродолжува на следната страница…rn