Нашите мајки често се премногу грижливи, ни досадуваат и нѐ опоменуваат, но на крајот од денот тоа се жените кои поминале часови и часови во болки за ние да постоиме и тие ни мислат најдобро. Погледнете ги сите оние работи кои ги игнориравте во вашите тинејџерски години.
rn
1. Девојките кои во основно ве третирале лошо, ќе испаднат полоши од вас
rnСе сеќавате на девојката која ве исмејуваше во школските денови? Оваа година ќе најдете фотографии од нејзината свадба со момчето кое за малку очите ќе си ги извадеше во средно. Мајка ви ова го предвиде пред 15 години.rn
2. Момчињата стануваат подобри како што стареат
rnВака ве тешеше мајка ви секој пат кога ќе дојдевте дома со скршено срце.rn
3. Понесете палто
rnНоќите се секогаш поладни од деновите. Смешно е како сѐ уште не се придржуваме до ова, но таа секогаш знаеше.rn
4. Не ги бричете/кубете мустаќите или влакненцата од брадата
rnАко го направите ова тие ќе пораснат погусти и потемни следниот пат.rn
5. Не ја фарбајте/бланширајте косата
rnЌе ја оштетите! Потребата да направите трајни промени на косата е толку силна кога сте лута тинејџерка која сака да се покаже пред сите, но веројатно ќе зажалите кога ќе отидете на факултет. Вашата колешка или цимерка ќе има убава и блескава коса во природна боја, а вашата, без разлика колку препарати ќе искористите, никогаш нема да изгледа толку убава како нејзината.rn
6. Средното образование е важно
rnАко завршите средно со слаби оценки нема да се запишете на добар факултет и ќе мора да седите дома со вашата мајка која е супер и ви готви… Чекајте дали ова навистина звучи одлично? Искрено размислете.rn
7. Внимавајте на џепарлакот – не затоа што е „одговорно“ или затоа што таа не сака да ви даде повеќе пари туку така ќе се чувствувате посигурно
rnКога ви го намали џепарлакот вашата мајка ви мислеше само добро затоа што се сетила како ѝ било неа во 20-тите години кога немала пари и затоа што посакува да израснете во паметна жена која има финансиска независност и знае да управува со нејзините приходи, бидејќи таа нема секогаш да биде тука.rn
8. Секогаш носете крем за заштита од сонце
rnЌе изгледате како грчка божица со прекрасен тен во 20-тите и 30-тите, но после тоа ќе изгледате вака.rn
9. Одржувањето на човечки живот е неверојатно тешко и потценето
rnСега сте во 20-тите. Имате милениче? Имате растение? Тогаш можеби и разбирате 1/1000-ти дел од тоа колку е тешко да воспитувате дете.rn
10. Редовно мијте ги забите
rnИли потрошете илјадници денари по забарски сметки за пак да имате одвратни заби.rn
11. Не пушете цигари
rnНема потреба од дополнителен коментар.rn
12. Практичноста е модерна
rnМожеби ѝ се смеевте на мајка ви кога носеше широки фармерки, но погодете што? Високите потпетици и тесните фустани не се удобни, а неудобноста изгледа како премногу да сте се труделе. Исто така: NORMCORE. Мајка ви знаеше за ова пред Карл Лагерфилд.rn
13. Сега кога сте постари, заблагодарете ѝ се за сите добронамерни совети
rnБез разлика колку ве нервирала порано вашата мајка дури и тогаш била во право. Мајки: 1000. Останатата популација на Земјава: 0.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

