rn
8. Најстарата гимнастичарка
rnОваа 92-годишна германска атлетичарка е најстариот гимнастичар во светот. Започнала на 9-годишна возраст, потоа се префрлила на одбојка и на крај повторно ѝ се вратила на гимнастиката на 56-годишна возраст.rn
9. Најсилното дете на светот
rnОва момче од Романија почнало со кревање тегови на 2-годишна возраст. На 4 години го срушило рекордот за најбрзо одење на раце на 10 метри со тег. Оттогаш руши по некој нов рекорд речиси секоја година.rn
10. До врвот на Монт Еверест со ампутирани нозе
rnМарк Инглис ги изгубил двете нозе на 23-годишна возраст по несреќа во Нов Зеланд. Но ова не го спречило да ги со оствари сонот, и во 2006-та година стана првата личност со 2 ампутирани нозе која го искачила Монт Еверест.rn
11. Свирење гитара без раце
rnХозе Антонио Мелендез Родригез е роден без двете раце, но ова не го спречило да научи да свири гитара. Тој научил да свири со неговите стапала. Во 1987-ма година свирел пред папата Јован Павле II, a овој настан му го променил животот.rn
12. Годините се само број
rnХариет Томпсон стана најстарата жена која трчала маратон. Започнала да трча со сопругот на кратки растојанија во нејзините 50-ти, а почнала да учествува на маратони на 76 години. Оваа силна жена два пати го победила ракот и починала на 94 години.rn
13. Помеѓу камења
rnАрон Ралстон ја изгубил својата рака во несреќа во кањон. Тогаш не само што требало сам да си ја ампутира раката за да се ослободи од голем камен што го држел заробен 3 дена, туку морал да најде начин и да излезе од кањонот. Оваа несреќа не го спречила да продолжи со искачувањето карпи.rn
14. Нозе на велосипедист
rnПавел Полјански, полски велосипедист, ја споделил оваа фотографија за да покаже како изгледаат неговите нозе по трка од 165 километри.
Ако ви е потребно уште малку инспирација, прочитајте ги овие вистински приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предавате.

