13 работи од кои се извлекуваат постарите деца, само затоа што се постари

Сподели

Да, нив почесто ги малтретираат со досадни обврски и правила, но во некои ситуации постарите деца многу полесно се извлекуваат…rn

Реклама

1. Постарите браќа/сестри ветуваат глупости и потоа оној кој е помал ги завршува задолженијата

rn„Ако поминеш со правосмукалка, може да ги отвориш сите новогодишни пакетчиња.“rn

2. Тие можат да ги убедат дури и најпаметните родители дека постои логична причина зошто доцнат навечер

rnСекако дека не дојде претходниот автобус.rn

3. Имаат апсолутна власт, кога се најстари во собата

rnТоа се случува кога родителите ќе го назначат постариот за „одговорен“.rn

4. Тие секогаш се извлекуваат на прашањето „Кој почна прв?“ Секој пат!

rnСекако дека не се тие.rn

5. Тие никогаш не мора да носат веќе носени алишта од некој постар

rnОсвен ако немаат постари братучеди. Во тој случај, им нема спас.rn

6. Тие одлучуваат кој ќе биде денот кога ќе им соопштат на помалите браќа/сестри дека Дедо Мраз не постои

rnКолку е слатко да се уништи детскиот сон, нели?rn

7. Тие можат да си го измислат и преправат минатото според нивното „сеќавање“

rnИ да им кажат на помалите колку им бил убав животот пред тие да се родат.rn

8. Тие се прогласуваат за шефови во секоја можна игра

rnА ако не е по нивно, едноставно одбиваат да играат.rn

9. Тие никогаш не мора да седат на задното седиште

rnКога си постар, бираш прв. Толку е едноставно правилото.rn

10. Тие секогаш ги потсетуваат родителите на правилата кога некој сака лесно да се извлече

rnАко мене ме казнија за тоа, бидете сигурни дека ќе бидете подеднакво казнети и вие.rn

11. Тие отворено ги предизвикуваат родителските правила и потоа живеат за да ја раскажуваат таа приказна

rnНе, нема да се запишам на француски и нема да се зачленам во секција.rn

12. Тие ги создаваат модните трендови кои останатите ги следат

rnАко нешто тие носат, тогаш е кул.rn

13. Тие знаат да се претворат во суперхерои кога нешто претставува закана за помалите браќа и сестри

rnИ затоа неизмерно ги сакаме.

Содржина /затвори

Популарно

Може ќе ве интересира