Отсекогаш се сметало дека поквалитетен живот имаат оптимистите, бидејќи очекуваат убави работи во животот, па со својата карма ја привлекуваат среќата кон себе. Но, и песимистите имаат свои придобивки. Прочитајте ги следните 13 причини, зошто не е толку лошо да се биде песимист.rnrn1. Доколку некој ве извиси, ОК ви е бидејќи и онака немавте некои преголеми очекувања од таа личност.rnrn
rnrn2. Доколку некој се однесува грубо со вас, веднаш му го давате спремното превртување со очи, бидејќи сте имале доволно време во животот за да го усовршите изразувањето на вашето разочарување.rnrn
rnrn3. Исто така, нема да се шокирате доколку некој остро ве критикува или ви даде саркастична забелешка.rnrn
rnrn4. Знаете дека ако ги земете предвид сите работи кои би можеле да тргнат наопаку, ќе бидете повеќе подготвени доколку тоа навистина се случи.rnrn5. Едно истражување дури сугерира дека песимистите всушност се соочуваат со помал ризик од појава на попречености и смрт, во однос на оптимистите. Според истражувањето, предвидувањето на мрачна иднина, помага во преземањето претпазливи мерки.rnrn6. Плус, песимистите се повеќе подготвени за соочување со тешки настани, како што се природните катастрофи.rnrn
rnrn7. Кога работите ќе тргнат во лош правец, песимистот знае во кој момент треба да се откаже, наместо да се заглавува уште подлабоко, планирајќи некакви невозможни решенија.rnrn8. Реалистични сте и знаете дека едноставно, животот понекогаш не е баш убав.rnrn
rnrn9. Од друга страна, кога сè е супер, вие сте неверојатно возбудени бидејќи тотално не сте го очекувале тоа.rnrn
rnrn10. Исто така, кога вашите пријатели се тажни, знаат дека нема да ви пречи доколку ви се пожалат колку им е тешко.rnrn
rnrn11. Интересно е што постојат толку многу книги, филмови и уметнички дела за песимизмот и тешкотиите во животот, кои нудат одлични совети и поинакви перспективи за справување со сите видови катастрофи.rnrn12. Кога сè е црно, сепак знаете да уживате во малите нешта, како сркање цела кутија со сладолед или јадење 300 грама чоколадо.rnrn
rnrn13. Кога нешто убаво се случува, песимистот ќе го цени тоа повеќе од кој било друг, бидејќи е свесен дека е невозможно целосно да се ужива во убавините на животот, без да се препознаат неговите падови.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
