КАФЕ ПАУЗА

13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадата

Понекогаш имате само неколку минути одмор во денот, а понекогаш не знаете што да правите по цел ден. Во овие моменти сакате само да се опуштите и да не размислувате за ништо. Но, доколку повеќе ја сакате рекреацијата отколку релаксацијата, тогаш погледнете ги овие веб-сајтови кои имаат само една задача: Да тепате време на Интернет.rn

1. Пукање обвивка со воздушни балончиња

rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnMariemarie е едноставен веб-сајт кој ви дозволува да ја правите омилената активност: Да пукате воздушни балончиња на пластичните обвивки за пакување. Единствените маани се што нема тактилно чувство како вистинското пукање на балончињата, што е и главната причина зошто луѓето го прават тоа, и звукот на пукањето е доста гласен. Но, затоа има и една голема предност: Играта нема крај и можете постојано да пукате нови обвивки.rn

2. Правење цртани филмови

rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnDvolver е бесплатен веб-сајт кој ви овозможува да правите анимирани филмови со селекција на најразлични ликови, позадини, сценарија и да куцате наративи и текст за ликовите да зборуваат. Кога ќе биде готова, анимацијата можете да ја испратите до вашите пријатели по имејл и што е најдобро, не мора да основате свој профил за да почнете со користење.rn

3. Посакување желба

rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnPush A Wish е веб-сајт кој ви дава шанса да посакате желба додека паѓа ѕвезда. Креаторите велат дека за да ви се исполни желбата, сѐ што ви е потребно се ѕвездата и облаците. Сајтот ви честита секогаш кога вашата ѕвезда ќе падне и ви нуди опција да се обидете уште еднаш.rn

4. Играње со вода

rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnWebGL Water е веб-сајт што се состои од мал сад полн со вода и топка која плови во него. Им дозволува на луѓето да ја ротираат камерата во која било насока, да ѝ пркосат на гравитацијата, да ја насочат светлината и да ја паузираат анимацијата. Играјте со топчето за да слушнете реалистични звуци на вода која прска наоколу.rn

5. Покажување лице

rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnTurn Your Name Into A Face е веб-сајт кој зборува сам за себе, опишувајќи ја својата цел совршено. Едноставно внесете го своето име или името на своите пријатели и тоа ќе го претвори во смешно, пикселирано лице.rn

6. Играње со топчиња

rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnBall Pool е веб-сајт со едноставна игра каде треба да ги движите топчињата по екранот. Примитивна, а сепак забавна, оваа анимација сигурно ќе ви помогне да потрошите неколку минути од времето.rn

7. Слушање на звуците на дождот во кафуле

rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnRainy Cafe е веб-сајт кој се состои од кафуле во кое седите и пиете некој освежувачки пијалак додека го слушате дождот. Можете слободно да го менувате волуменот на различните звуци.rn

8. Цртање неонски вртлог

rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnNeon Flames е необичен веб-сајт кој ви овозможува да создавате неонски вртлози со помош на 8 бои и екстензивен сет од параметри. Можете да го зачувате свето дело со симнување на цртежот.rn

9. Чувство како да сте хакер

rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnHackerTyper е веб-сајт кој ќе ви помогне да изгледате како хакер, програмер и компјутерски гениј преку интересен хакерски симулатор и екран со кодови. Сѐ што треба да направите е да куцате рандом букви, бројки и симболи.rn

10. Неактивност

rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnDo Nothing For 2 Minutes е веб-сајт кој ви овозможува да ги слушате морските бранови на 2 минути и да го одморите мозокот од напорната работа.rn

11. Цртање со песок

rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnThis is Sand е веб-сајт кој ви дозволува да создавате неверојатни пејсажи со песок. Притиснете го левото копче на глувчето за да создадете одредена количина песок и да цртате со неа со тоа што двојно ќе кликнете.rn

12. Лупање врата

rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnBig long now е сервис создаден за оние луѓе кои сакаат да ги смират нервите со тоа што силно ќе ја затворат вратата.rn

13. Направете сѐ да е во ред

rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnОва е веб-сајт кој ви овозможува со кликањето на едно копче да го подобрите квалитетот на животот. Пробајте. Можеби некогаш навистина ќе функционира.