rn
7. Модата е поважна од удобноста
rn
rnrnЗа овој факт не постои научно објаснување, туку општествено. Општеството и медиумите ги притискаат жените да исполнуваат одредени стандарди веќе со векови. Како последица на тоа, повеќето жени одбираат да му дадат предност на привлечниот изглед наместо на удобноста.rn
8. Засилено чувство за мирис
rn
rnrnЗасиленото чувство за мирис им помагало на нашите предци да преживеат, па со оглед на тоа што жените најчесто собирале храна, ова сетило им помагало да ја одберат вистинската храна за нивното семејство.rn
9. Мозочните клетки се позбиени една до друга во женскиот мозок
rn
rnrnВо просек, женскиот мозок е 9% помал од мозокот на мажите. Но, тоа нема влијание на нивниот когнитивен капацитет, бидејќи бројот на клетките е ист, само што кај жените тие се позбиени една до друга.rn
10. Тие се невоспеаните херои на светските изуми
rn
rnrnМери Андерсон ги измислила бришачите за прозорците на автомобилте во 1903 година. Жените имаат патентирано многу светски изуми, како што се пелените за еднократна употреба, хартиените кеси, кантата за фрлање ѓубре со педала, машината за миење садови и многу други.rn
11. Високите потпетици биле наменети за мажите
rn
rnrnВо 1960 година, високите потпетици станале дел од женската мода како имитација на мажите кои носеле потпетици за да ја покажат нивната мажественост и општествен статус.rn
12. Читање лица
rn
rnrnУште од самото раѓање, жените подобро ги читаат лицата на луѓето, гестовите и тонот на гласот, поради што тие имаат подобри комуникативни вештини и се подобри лидери од мажите. Дури и тогаш кога станува збор за група луѓе, сите социјални интеракции најверојатно ќе бидат предводени од страна на алфа жена.rn
13. Да живеат жените!
rn
rnrnПонекогаш разликите во животниот век кај мажите и жените можат да достигнат цела декада, но во просек оваа разлика изнесува 2-3 години. Ова важи само за луѓето. Женките орангутани и шимпанзи исто така живеат подолго од мажјаците.rnrnМажите можеби не се толку мистериозни колку жените, но и тие не се отворена книга. Токму затоа, прочитајте ги следниве 15 интересни факти за умот и телото на мажите.
