rnrn8. Кога во лето пиеме некој пијалак, без разлика дали сме внатре во домот или пак надвор, секогаш мораме да го „браниме“ од мувите и мушичките. Хартиените корпи за колачи може да послужат како сјајна заштита од малите напаѓачи.rnrn
rnrn9. Доколку додадете малку сода бикарбона во водата во која ќе ги подготвувате јајцата, откако ќе ги сварите ќе можете многу полесно да ги излупите.rnrn
rnrn10. Дамката од карминот за усни најлесно ќе ја отстраните така што ќе напрскате лак за коса директно на неа, ќе почекате околу 10 до 15 минути, а потоа ќе ја истриете со влажна крпа или сунѓерче.rnrn
rnrn11. Врвот од пластичното шише може да ви послужи за вашиот кекс, грицки или сето она што е веќе отворено, а стои во кеса, да остане подолго време свежо.rnrn
rnrn12. Кога ќе купувате течна пудра, задолжително испробајте ги нијансите на вратот наместо на раката за да добиете пореална слика за бојата и да го купите она што навистина ви е потребно.rnrn
rnrn13. Кога ќе сакате да пречкртате некој збор кој погрешно сте го напишале, а не сакате никој друг да го прочита, наместо да повлекувате линии врз него, доволно е врз него да напишете некој друг нов збор.rnrn
13 идеи и трикови кои ќе ви го олеснат животот
