И гледањето во овие слики е доволно да ги засакате, но прочитајте ги и овие факти за нив.rnrn1. Магаренцата потекнуваат од Северна Африка и островите Сицилија и Сардинија.rnrn
rnrn2. Тие не се мали магариња, туку посебна раса која не расте како другите магариња.rnrn
rnrn3. Тие тежат само 7-15 килограми при раѓањето и најголем дел од таа тежина отпаѓа на ушите.rnrn
rnrn4. Возрасните магаренца растат најмногу до 80-90 сантиметри во висина.rnrn
rnrn5. Ова на сликата е Нихи, кој според Гинисовата книга на рекорди е најниското возрасно магаре во светот со висина од само 64 сантиметри.rnrn
rnrn6. Иако се многу мали, можат да бидат дресирани да работат како и поголемите видови. На тригодишна возраст тие веќе можат да носат товар или да влечат мала количка.rnrn
rnrn7. Магаренцата се питоми, љубезни и лојални животни кои е лесно да ги сакате. Затоа честопати луѓето ги чуваат како домашни миленици.rnrn
rnrn8. Кога растат на фарма магаренцата се поврзуваат со овците и ги штитат од предатори како да се нивни роднини.rnrn
rnrn9. Ако ве сметаат за пријател, магаренцата ќе рикаат, грофтаат и ќе дишат гласно кога ќе ве видат.rnrn
rnrn10. Малите магариња ги сакаат децата и се особено внимателни со нив.rnrn
rnrn11. Тие се друштвени животни и не сакаат да бидат сами.rnrn
rnrn12. Се обидуваат да привлечат внимание ако се почувствуваат запоставено.rnrn
rnrn13. Магарињата имаат углед на тврдоглави животни, а тоа е така затоа што се внимателни и имаат добра меморија. Ако нешто ги исплашило во минатото, тие ќе се плашат од тоа во иднина.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.