rn
7. Гробниците во Големата пирамида во Гиза
rn
rnrnЕгиптологот Стивен Мелер, и други истражувачи, тврдат дека просториите во Големата пирамида биле конструирани за нешто друго, а не за гробница на фараон. Само погледнете ја комплексната конструкција на таваните, совршената акустика на ходниците од 5 ката, но и недостигот од уметност. Ваква гробница нема во цел Египет. Древните Египќани не оставиле никаква трага за намената на оваа конструкција.rn
8. Дискот Сабу, меѓу 3100 и 3000 година п.н.е.
rn
rnrnОвој камен диск бил пронајден во гробницата на Сабу во селото Сакара во Египет. Бидејќи не е пронајдено ништо друго поврзано со дискот, навистина е тешко да се одреди неговата употреба.rn
9. Механизмот Антикитера, 100 година п.н.е.
rn
rnrnОваа древна направа е пронајдена во 1901 година. Таа е комплексен механизам – часовник и се состои од 30 бронзени запчаници сместени во дрвена кутија. Овој механизам често е нарекуван и „древниот грчки компјутер“ бидејќи може да ги предвиди астрономските позиции и еклипси. Исто така го следи циклусот на древните Олимписки игри.rn
10. Железниот столб во Делхи, 415 година п.н.е.
rn
rnrnОвој столб е толку забележлив бидејќи на него речиси и да нема рѓа, и тоа 1.600 години од неговата изградба. Некои луѓе сметале дека е направен од метеор, но ова се покажало како погрешно. Изгледа дека древните индиски мајстори биле многу искусни со преработката на железо. Тие создале еднаков слој на оксид кој го заштитува столбот од временските услови во Делхи.rn
11. Флексибилно стакло, меѓу 14-та и 37-ма година
rn
rnrnНепознат стаклар успеал да создаде флексибилно стакло кое не се крши. Тој направил чаша од ова стакло и му ја дал на римскиот император Тибериј Цезар како подарок. Цезар го ценел подарокот но го убил стакларот плашејќи се дека овој материјал може да ја намали вредноста на златото и среброто.rn
12. Сеизмоскопот на Жан Ханг, 132 година
rn
rnrnОвој сеизмоскоп бил направен од кинескиот изумител Жанг Ханг. Кога се наближувал земјотрес, направата испуштала бронзена топка од главата на змејот во жабата која е под него. Во направата има нишало кое е прикачено на главата на змејот со лост.rn
13. Небесниот диск Небра, околу 1600 година п.н.е.
rn
rnrnОвој бронзен диск со златни симболи на сонце, млада месечина и ѕвезди е пронајден во близина на Небра, Германија во 1999 година. На почетокот се сметало дека е лажен, но денес е потврдена неговата автентичност. Направата ја прикажува положбата на сонцето и аголот помеѓу неговите точки на изгревање и заоѓање на летната и зимската рамноденица. Ова го прави најстариот преносен инструмент за астрономско мерење.rnrnПогледнете и кои се изумите од древен Египет без кои не би можеле да си го замислиме светот.
