КАФЕ ПАУЗА

12 работи во вашиот дом што ве прават несреќни

Домот е место каде што треба да се чувствувате удобно и пријатно. Покрај тоа, треба да настојувате вашиот простор да биде уреден онака како што сметате дека е најдобро за вас и вашето семејство. Но, дали знаевте дека постојат некои работи што можат да ве прават несреќни, а притоа можеби и не забележувате? Погледнете ја оваа листа од 12 предмети кои повеќето ги имаат во својот дом, но тие не носат ништо позитивно со себе.rn

1. Премногу детски цртежи

rnНе дека не ви се допаѓаат и не ја цените работата на вашите деца, но сепак, просторот на фрижидерот и ѕидовите е ограничен. Подобро е да ги соберете сите цртежи на едно место и да ги направите во вид колекција која ќе ја разгледувате вие и вашето дете во слободното време.rnrn12 работи во вашата куќа кои ве прават несреќниrn

2. Бонбони од свадби и крштевки

rnСекако дека нема ништо лошо во нив, но доколку тие ја пренатрупуваат вашата фиока, тогаш потребно е да ги отстраните.rnrn12 работи во вашата куќа кои ве прават несреќниrn

3. Книги што сте ги прочитале, но не ви се допаѓаат

rnНе мора да ги фрлите, но слободно можете да ги подарите некому или пак да ги однесете во локалната библиотека.rnrn12 работи во вашата куќа кои ве прават несреќниrn

4. Премногу производи за убавина

rnДоколку имате премногу кармини и шминки и некои од нив се многу стари, одвојте време за да го проверите нивниот рок на истекување и оставете ги само оние производи што ги користите.rnrn12 работи во вашата куќа кои ве прават несреќниrn

5. Сѐ што е скршено

rnКако на пример некој постар накит што повеќе не е во употреба или чашата со скршена рачка која веќе не ја користите. Освен ако немате некој план за да ги поправите, тогаш одлучете се за нивно отстранување.rnrn12 работи во вашата куќа кои ве прават несреќниrn

6. Истрошени батерии

rnОдвојте малку време и тестирајте ги сите оние батерии кои се наоѓаат во вашата фиока. Доколку се истрошени и немаат можност за полнење, тогаш зошто да ги чувате?rnrn12 работи во вашата куќа кои ве прават несреќниrn

7. Премногу декоративни работи

rnСѐ додека немате намера да ги искористите за нешто друго (како на пример шарената хартија да ја искористите за виткање некој подарок со неа), чувањето премногу декоративни работи само ви зазема простор.rnrn12 работи во вашата куќа кои ве прават несреќниrn

8. Храна од шпајзот која никогаш нема да ја јадете

rnИако мразите да фрлате храна, доколку во вашиот шпајз се наоѓаат работи што знаете дека нема да ги јадете, тогаш време е да се ослободите од нив, наместо да ги чувате на полиците.rnrn12 работи во вашата куќа кои ве прават несреќниrn

9. Купови документи и сметки

rnСигурно не ви се потребни сите документи и сметки кои ги чувате во вашата фиока. За да си олесните себеси, можете истите да ги скенирате и да ги имате во дигитална верзија, при што и полесно ќе можете да ги најдете доколку имате потреба.rnrn12 работи во вашата куќа кои ве прават несреќниrn

10. Стари фотографии

rnКако на пример фотографии од венчавката на вашите родители и вашата баба кога била дете. Не дека треба да ги фрлите овие богати спомени, но само чувајте ги на некое место каде што не доаѓате често во контакт со нив. Исто така и нив можете да ги направите во дигитална верзија и да ги чувате во вашиот компјутер.rnrn12 работи во вашата куќа кои ве прават несреќниrn

11. Видео касети

rnДенес, со помош на Интернетот, многу е лесно да го симнете и да го гледате кој било филм што го посакувате, при што видео касетите повеќе не наоѓаат примена. Во ваков случај најдобро е нив да ги преснимите на ДВД.rnrn12 работи во вашата куќа кои ве прават несреќниrn

12. Промотивни материјали

rnНе ви се потребни уште чаши, пенкала, календари и други работи со логото на некоја компанија. Чувајте ги само оние што ги користите и ослободете се од останатите.rnrn12 работи во вашата куќа кои ве прават несреќни