12 чудни работи кои ги правеле нашите предци

Сподели

Ако мислите дека луѓето биле помалку чудни во минатото отколку денес, можеби ќе го промените мислењето. Погледнете некои од најчудните работи кои нашите предци ги сметале за нормални.rn

Реклама

1. Прво и второ спиење

rnЕвропејците кои живееле во средниот век практикувале спиење во две фази. Првото спиење почнувало со заоѓањето на сонцето и завршувало на полноќ, а потоа луѓето се буделе и останувале будни 2-3 часа. Некои го користеле ова време за молитви или читање, а некои пак го поминувале времето со семејството или соседите. Потоа почнувало второто спиење, кое траелo до изгрејсонцето.rn

2. Живи будилници

rnОваа професија постоела од средината на 18-тиот век, до 1950-тите. Работата на овие луѓе била да ги будат луѓето кои требало да стануваат рано. Тие тропале на прозорците на нивните клиенти со стапови. Не е јасно кој ги будел будилниците, но постои верување дека не оделе на спиење пред работа.rn

3. Фустани за машки

rnОд 16-тиот век, до 1920 година било нормално младите момчиња (од 4 до 8 години) да носат фустани. Веројатно причината за ова била високата цена на облеката, а фустаните можеле да се носат дури и кога детето малку ќе порасне.rn

4. Шопенки

rnШопенки или познати и како цокули, се чевли со платформа која била и до 50 сантиметри. Оние кои ги носеле имале помош од слугите за да се движат. Овие чевли не се носеле само за мода, туку ја заштитувале облеката на носителот од кал.rn

5. Пуштање крв како лек за сè

rnОвој третман бил познат 2.000 години, до раниот 20-ти век. Пуштањето крв се користело за секоја болест и многу често само му ја влошувало состојбата на пациентот.rn

6. Никаква хигиена

rnВо некои средновековни земји луѓето верувале дека водата е извор на болести, а вошките ги нарекувале „бисерите на Бог“. Овие верувања ги делеле и монасите. Изабела Прва била многу горда на фактот што се имала искапено само два пати во животот – кога се родила и пред нејзината венчавка. Според едно тврдење, некој човек ѝ дал коментар за нејзините валкани дланки и нокти, на што кралицата одговорила „Оф, па само да ми ги видеше стапалата!“

Продолжува на следната страница…rn

Популарно

Може ќе ве интересира