rn
7. Ентеровирус Д68
rn
rnrnЕнтеровирусите навлегуваат во телото преку цревата и предизвикуваат разни болести. Мали се шансите да умрете само од ентеровирус Д68, но компликациите од него може да водат до брза смрт, особено кај мали деца.rn
8. Денга треска
rn
rnrnОваа треска е предизвикана од убод од комарец кој е инфициран со вирусот. Ова е најчеста причина за смрт во тропските предели и речиси 400 милиони луѓе се инфицирани секоја година. По заразувањето, се појавува треска која трае помеѓу 2 и 7 дена. Кога треската ќе се намали, се појавуваат опасните симптоми. Пред нормализирање на телесната температура, заболените имаат помеѓу 24 и 48 часа да побараат помош пред да откаже циркулаторниот систем и да настапи смрт.rn
9. Вродена срцева болест
rn
rnrnОва е можеби најтажниот случај бидејќи се појавува уште при раѓањето и брзо резултира со смрт на детето. Вродените срцеви болести се најчестите дефекти при раѓање и се најчеста причина за смрт во првата година од животот.rn
10. Мозочен удар
rn
rnrnМозочниот удар може да се случи без никакви симптоми за предупредување. За време на ударот настанува прекин на дотокот на крвта во мозокот, па неговите клетки умираат многу брзо. Многу луѓе кои преживеале мозочен удар остануваат перманентно парализирани. Ако се појави и протекување на ослабен крвен сад, настанува смрт.rn
11. МРСА
rn
rnrnОваа инфекција е предизвикана од бактерии кои се отпорни на многу антибиотици. Ова ја прави навистина тешка за лекување. Може да се пренесе преку контакт со кожа, па и најздравите луѓе може да станат нејзини жртви. Обично инфекцијата започнува како потечен и црвен израсток кој може хируршки да се отстрани. Но, инфекцијата се проширува многу брзо и може да предизвика смрт.rn
12. Ебола
rn
rnrnПозната како најсмртоносната болест, не ни чудо што еболата предизвикува толкава паника. За среќа, денес постојат вакцини за луѓето кои живеат на ризични места. Но, ако дојдете во контакт со неа најверојатно нема да преживеете. Добрите вести се што нема да умрете на истиот ден кога сте се заразиле. Сепак, ако започнала фазата со крвавење, за многу краток период настапува шок и смрт.rnrnДознајте и нешто повеќе за најсмртоносните болести низ историјата.
