Мачките се неодоливи суштества, па сосема разбирливо е тоа што постојат луѓе кои се опседнати со нив. Девојките кои ги обожуваат овие животни не значи дека чуваат дома 10 мачки, но со сигурност ќе застанат за да си поразговараат со секое маче што ќе го видат на улица. Станува збор за начин на живот и тие немаат намера да ја кријат нивната љубов кон мачките.rnrn
rnrnМожеби не ја разбирате нивната опсесија со мачките, но овие девојки ќе ви докажат дека тие се неверојатно слатки, независни, искрени и одлична замена за човечки најдобар пријател. Сепак, пред да се вљубите во девојка која обожува мачки, добро е да ги знаете следниве 11 работи…rn
1. Тие навистина ги обожуваат мачките
rnОва сигурно го сфативте досега. Но, понекогаш нивната љубов се граничи со опсесија, особено ако се работи за нивните мачки. Не се изненадувајте доколку нивната љубов полека почне да се пренесува и во вашиот живот.rn
2. Поседуваат барем 10 предмети што имаат мачки на нив
rnОд секојдневни парчиња облека како што се дуксери и чорапи, па сѐ до шолји за кафе и пенкала… Мачките се насекаде во нивниот живот. Тие ги обожуваат предметите на кои го има нивното омилено животинче.rnrn
rn
3. На сите нивни парчиња облека има влакна од мачки
rnПонекогаш, можат да ги исчистат влакната од облеката и да создадат нова мачка од нив! Не се чудете доколку најдете влакна и на вашата облека, бидејќи многу лесно се пренесуваат. Токму затоа, тие поседуваат ролери за отстранување влакна, па дури и си ги носат со себе во чантата.rn
4. Не им дозволуваат на алергиите да застанат помеѓу нив и љубовта кон мачките
rnТие се подготвени да киваат со часови, само за да го погалат мачето што стои пред нив. Има толку многу апчиња за алергија, така што не се плашат од последиците.rnrn
rn
5. Нивните телефони се полни со фотографии од мачки
rnПовеќето од фотографиите во телефонот и компјутерот им се од нивните мачки. Не им замерувајте доколку немаат меморија во мобилниот за да ги чуваат сликите со вас. Не станува збор за ништо лично.rn
6. Ги обожуваат мачките кои станале ѕвезди на Интернет
rnТие се верни обожаватели на Мару, најпознатата мачка на Јутјуб и на намуртената мачка, позната како Grumpy Cat.rnrn
rn
7. Имаат лајкнато еден куп Фејсбук страни посветени на мачките
rnТие коментираат и ги лајкуваат речиси сите објавени фотографии од улични и домашни мачки ширум светот. Препорачливо е да ја толерирате нивната опсесија и да лајкувате заедно со нив!rn
8. Го користат Интернетот за да пребаруваат мачки
rnНивната историја на пребарување вклучува работи од типот „видеа од слатки мачки“, „мачки што прават смешни работи“ и „како да станам мачка?“.rnrn
rn
9. Не се гадат од телесните функции на нивната мачка
rnНа овие девојки не им пречи лижењето, повраќањето и изметот на нивните мачки. Сето тоа им е сосема нормално. Откако ќе исчистите илјадници влакнести топки, ќе можете да ги разберете.rn
10. Се чувствуваат посебни кога мачките ќе им донесат подароци
rnПод подароци се мисли на мали, мртви животни. На тој начин мачките им кажуваат дека ги сакаат, а не дека ќе ги убијат во спиење.rnrn
rn
11. Нема да започнат врска со вас доколку не сакате мачки
rnЌе има и други момци, но мачките се незаменливи!rnrnДоколку сѐ уште не ви е јасно како е можно некој да е опседнат со овие фасцинантни животни, прочитајте зошто да чувате мачка.