Колку пати ви се случило да ве прашаат што е најлошото што би можело да ви се случи доколку јадете глутен? Или пак, да ве осудуваат затоа што прочитале на интернет дека работите не се онака како што вие ги кажувате? Доколку страдате од целијакија или пак, имате нетолерантност или алергија на глутен, тогаш без сомнение барем еднаш сте ги слушнале овие 11 изјави или прашања од вашите пријатели.rn
1.„Што е најлошото што може да се случи?“
rnЗа оние кои страдаат од целијакија, глутенот може да биде опасен по живот. Помалите симптоми вклучуваат гасови, надуеност, дијареја, проблеми со кожата, мигрени главоболки, воспаленија и промени на расположението. Тоа ви звучи како нешто што не е лошо?rn
2. „Дали само се обидуваш да ослабиш?“
rnНе. Само се обидувам да ги избегнам сите симптоми кои се набројани погоре.rn
3. „Па, дали некогаш пак ќе можеш да јадеш глутен?“
rnДали би го поставиле ова прашање на некој кој има алергија на кикирики? Или пак, на некој кој е алергичен на убод од пчели? Не. Секако.rn
4. „Точно знам како се чувствуваш, јас сум вегетаријанец.“
rnДа се биде вегетаријанец е избор. За оние кои се нетолерантни на глутен тоа е медицинска состојба. Токму затоа и не можете да разберете како е.rn
5. „Ах, прочитав на интернет…“
rnИнтернетот е познат по омразата кон оние со уникатен режим на исхрана. Интернетот исто така е познат и по ширење погрешни факти. Токму затоа ако тоа што сте го прочитале не е составено од доктор или од личност нетолерантна на глутен, воопшто не го спомнувајте.rn
6. „Како можеш да живееш без леб?“
rnДали некогаш би прашале алкохоличар како живее без алкохол? Не, бидејќи неговата битка е очигледна и сигурно не би ви било пријатно. Но, истото се случува и со оние кои имаат целијакија.rn
7. „Ах, слушнав дека тоа е само нешто што во моментов е во тренд.“
rnИ покрај тоа што во последно време се зголемува јавниот интерес за безглутенската исхрана, тоа не значи дека оваа состојба не постоела одамна и дека нема да постои уште долго во иднина.rn
8. „Отсекогаш си го пребирал тоа што го јадеш.“
rnЗарем вие мислите дека овие луѓе уживаат во избегнувањето глутен?rn
9. „Безглутенска исхрана? Мора да го пробам тоа.“
rnДоколку некој ваш пријател ви каже дека се бори против депресија или пак, се обидува да ја победи својата зависност, дали мислите дека би помогнало доколку вие би се запрашувале гласно дали е време да се подготвувате за летната сезона? Секако дека не.rn
10. „Би те поканил/а ама не знам што би јадел/а.“
rnТи благодарам за разбирањето. Добро е да знам дека нашето пријателство е валидно само доколку има тестенини на менито.rn
11. „Да, мислам дека е безглутенско. Би требало да бидеш во ред.“
rnТоа е исто како да кажете: „Да, мислам дека овој пиштол не е наполнет, така да би требало да бидете во ред.“

