КАФЕ ПАУЗА

10 видови храна за кои се верувало дека се волшебни

10 видови храна за кои се верувало дека се волшебни

rn

6. Јаболка

rn10 видови храна за кои се верувало дека се волшебниrnrnВерувањето дека јаболката ги лечат сите болести, или барем ќе ве заштитат од нив, постои со векови. Но јаболкото е симбол што се појавува уште во грчката митологија. Според ирскиот фолклор, хероите јаделе јаболка за да останат млади и силни. Во кинеската култура јаболкото се подарувало во знак на мир. Ова овошје претставува и љубов. На Балканот постоело верување дека ако девојка прифатела јаболко од маж, тогаш била верена за него. Во некои италијански култури, кога мажот е вљубен во некоја девојка ѝ подарува јаболко за да ја покаже неговата љубов.rn

7. Пченка

rn10 видови храна за кои се верувало дека се волшебниrnrnЗа Ацтеките пченката била многу повеќе од храна. Тие верувале дека процесот на одгледување и берење е синхронизиран со кругот на животот – раѓање, растење и смрт. Дури имале и три женски божества на пченката кои го претставувале секој циклус. Ги обожувале и им се заблагодарувале во текот на целиот процес на одгледување и берење на пченката.rn

8. Копар

rn10 видови храна за кои се верувало дека се волшебниrnrnКопарот е тревка што се наоѓа во многу градини. Но порано се верувало дека може да донесе љубов и среќа. Во Германија и Белгија се закачувале венци од копар на венчаницата на невестата.rnrnОваа тревка има и темна страна. Европските свештеници верувале дека копарот предизвикува неплодност и дека има моќ да ги отстрани машките демони кои ги демнеле жените. Копарот го користеле и вештерките. Многу верувале дека пиењето чаша вода со копар може да ве ослободи од некоја магија. Но други верувале дека вештерките користеле копар во нивните напивки и магии.rn

9. Смоква

rn10 видови храна за кои се верувало дека се волшебниrnrnСмоквите се појавуваат уште во Библијата и се сметале за духовна храна. Жените од едно племе во Африка се покривале со гранки од смоква за да ја зголемат нивната плодност. Во Боливија пак се верувало дека злите духови живеат на дрвјата смоква и дека минувањето под нив може да предизвика болест. Во Папуа Нова Гвинеја смоквите предизвикуваат страв бидејќи се верува дека се опседнати со зли духови кои излегуваат кога ќе се отвори овошјето.rn

10. Афион

rn10 видови храна за кои се верувало дека се волшебниrnrnВо древна Грција афионот го претставувал богот на спиењето, Хипнос, и се верувало дека помага во спиењето. Се верува и дека афионот бил поврзуван со Хад претставувајќи го вечниот сон на смртта.rnrnВо Средниот Век младите жени фрлале торта со афион надвор и чекале да ја фати куче. Насоката од која доаѓало кучето е насоката од која ќе се појавела нивната вистинска љубов. Афионот бил поврзуван и со неплодноста. На пример, семките афион во чевлите на невестата може да резултираат со неплодност.rnrnЗнаете ли која е најстарата храна откриена од археолозите?