Повеќето доктори се професионалци кои подобриле и спасиле многу животи. Тие навистина прават позитивна разлика. Но, постојат и доктори на кои воопшто не им е грижа за нивните пациенти. Ја гледаат нивната професија само како можност да заработат пари, а постојат и оние кои уживаат да им нанесуваат болка на пациентите. Овие ужасни медицински професионалци им предизвикале трајна штета на луѓето кои требало да ги лекуваат.rn
1. Џемс Бурт
rn
rnrnВо 1975-та година Џејмс ја објавил книгата „Операција на љубовта“ (Surgery of Love) во која изјавил дека жените се структурно несоодветни за секс. Ова е патолошка состојба подложна на операција.rnrnОперацијата што ја спомнал често вклучувала отстранување на клиторисот, поместување на вагината и менување на ѕидовите помеѓу ректумот и вагината. Бурт ја извел оваа операција на стотици жени без нивно знаење.rnrnШери Дилон отишла кај Бурт бидејќи имала проблеми со мочниот меур. Тој ја убедил да ѝ направи операција со која ѝ ја поместил вагината и ѝ го отстранил клиторисот. Таа се разбудила во страшна болка и едвај била свесна 5 дена по процедурата. Операцијата ги направила и најобичните активности невозможни – повеќе не можела да седнува, да носи панталони или да има секс без ужасна болка.rnrnОткако друга пациентка го пријавила, Џејмс ја предал неговата медицинска дозвола во 1988-ма година и бил присилен да потпише изјава дека никогаш нема да бара дозвола во друга држава.rn
2. Кристофер Дунч
rn
rnrnКристофер работел како хирург речиси 2 децении. Во тој период колегите го нарекувале најлошиот хирург што го виделе и социопат кој бил опасност за пациентите. Неговата кариера завршила кога му правел операција на Џефри Глајдвел. Во текот на операцијата, колегите на Кристофер морале насилно да го отстранат од салата за да прекине. Тој не само што ја исекол ‘рбетната артерија на Џефри, туку направил и погрешен засек во неговото грло. Исто така се открило дека оставил и сунѓер во грлото. Ова покренало судска постапка и била откриена цела историја осакатувања. Во 2013-та година Кристофер ја изгубил медицинската дозвола и добил доживотен затвор.rn
3. Фарид Фата
rn
rnrnФарид ја дијагностицирал Меги Дорси со мултипен миелом и ѝ предложил да оди на интензивна хемотерапија. Третманот ја оставил со хронична болка, слабост и потреси. Повеќе не можела да готви, чисти, пишува, а понекогаш не можела ни да стане.rnrnПодоцна Меги открила дека воопшто не била болна. Таа била само еден од многуте пациенти кои Фарид лажно ги дијагностицирал со цел да заработи од хемотерапијата. Еден од лекарите кои работел во центарот за рак на Фарид го пријавил и тој бил уапсен. Судот открил дека тој претерувал и со третирање на терминален рак наместо да ги остави пациентите да починат мирно. Еден од неговите пациенти добил 195 третмани со хемотерапија од кои 177 биле непотребни. Биле идентификувани 553 жртви, но можно е да биле многу повеќе. Фарид добил затворска казна од 45 години.rn
4. Грем Рив
rn
rnrnГрем добил 35 жалби во рок од 15 години од други доктори, медицински сестри и пациенти. Во 1997-ма година бил присилен да се откаже од медицинската дозвола. Но, во 2001-ва година се вработил како гинеколог и специјалист акушер.rnrnЕдна пациентка имала операција кај Грем во 2002-та година. Требало да се отстрани вишок кожа од нејзините вагинални усни. Пред да започне операцијата, Грем ѝ рекол дека ќе ѝ го отстрани и клиторисот. Бидејќи анестезијата почнала да делува, пациентката не можела да направи ништо и таа останала со оштетен уринарен тракт. Рив бил осуден за сексуално малтретирање и осакатување на стотици жени. Ја изгубил дозволата за работа и отслужил 11 месеци во затвор.rn
5. Ариа Сабит
rn
rnrnНеврохирургот Ариа добил дузина тужби за небрежност. Во 2012-та година, Тонока Скот отишол на третман за проблеми со грбот. Ариа предложил ‘рбетна фузија и Скот ја закажал операцијата. Процедурата го оставила Скот со трнење во прстите на нозете, десната нога и задникот. Подоцна посетил друг лекар кој открил дека фузијата воопшто не била изведена.rnrnИстражувањата покажале дека Ариа често предлагал ‘рбетна фузија, но не ја вметнувал направата за да заштеди пари. Тој имал стотици жртви од кои многумина останале со константна болка. Бил осуден на 19 години затвор во 2017-та година.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
