Мачките отсекогаш биле популарни домашни миленици и не е тешко да се види дека тие навистина се фасцинантни суштества. Но бидејќи ги има насекаде, често имаме тенденција да ги занемаруваме нивните несекојдневни способности. Сега е време да сфатите колку е импресивна вашата мачка.rn
1. Брзина
rn
rnrnМачките се екстремно брзи животни, особина што ја делат со нивните поголеми и пострашни роднини: тигрите, леопардите, пумите итн. Прилично големо семејство на тркачи. Домашните мачки лесно може да достигнат брзина и до 50км/ч, што е повеќе од најголемата брзина што може да ја достигне Усеин Болт.rn
2. Скокање
rnМачките навистина можат да скокаат! Моменталниот светски рекорд е 182,82 см и бил поставен во Остин, Тексас. Мачките исто така се експерти и за скок во височина. Повеќето мачки можат да скокнат пет пати повисоко од нивната висина, што значи 150 см. Светскиот рекорд го држи мачка од Јапонија, која пркосејќи ѝ на гравитацијата скокнала 196 см во височина.rn
3. Еластичност
rn
rnrnАко некогаш сте имале мачка или сте имале можност да набљудувате мачка подолго време, тогаш знаете колку се тие еластични. Мачките со голема леснотија можат да поминат низ секој процеп што е поголем од нивната глава, а во споредба со нив секој акробат изгледа смешно.rn
4. Сила
rnМачките според градбата се предодредени за брзо трчање и голема агилност, а за ова да е возможно потребна е голема мускулна сила. Силната анатомска градба на мачките и прецизно поставените канџи им овозможуваат со леснотија да се искачат по секоја површина. Иако генерално се срамежливи и нежни, мачките од видот мејн кун веројатно се најсилните домашни мачки и потребна е голема претпазливост кога се во присуство на мали деца.rn
5. Супер слух
rn
rnrnУшите на мачките се како мобилни сателитски антени, со поле на движење од 180 степени. Со неверојатни 52 мускули кои ги контролираат нивните уши, мачките можат нив да ги придвижуваат независно, со цел да се фокусираат и на најтивките звуци.rn
6. Супер вид
rnМачките имаат големо поле на видливост, околу 200 степени, што е за 20 степени повеќе одошто кај човекот. Ова им помага да станат одлични ловци, бидејќи имаат високосензитивен периферен вид. Исто така имаат одлична ноќна видливост и не мора да трепкаат постојано, што ги прави застрашувачки ноќни ловци.rn
7. Супер тивки
rn
rnrnАко мачката не сака да забележите дека доаѓа, веројатно и нема да забележите. Меките шепи, заедно со притаениот од ѝ овозможуваат на мачката да се движи скоро бесчујно. Не случајно го користиме терминот „како мачка“ за итри, бесшумни и лесни движења.rn
8. Слободно паѓање
rnДека мачките секогаш паѓаат на нозе е нешто кое сите сме го слушнале. Познато е дека тие може да преживеат пад на бетон од 32-ри кат без никаква повреда и веројатно од ваквите подвизи излегол митот дека мачките имаат девет животи.rn
9. Супер популарни
rn
rnrnМачките се во близина на луѓето повеќе од 9 илјади години. Старите Египќани ги обожувале, а интернетот денес не може без нив. Првото видео со мачки било снимено еден век пред Јутјуб. Видеото од две мачки кои боксуваат меѓу себе го снимил никој друг туку Томас Едисон во 1894.rn
10. Супер опуштени
rnМачките се господари на уживањето и релаксацијата и преспиваат 70% од нивните животи. Кога спијат некои мачки `рчат. Ако мустаќите или шепите на вашата мачка треперат додека спие, голема е веројатноста дека сонува.
