Автор: Теодора ТрповскаrnrnНекои работни места продуцираат поголем степен на депресија од други. Депресијата не се манифестира веднаш, туку по некој изминат период. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои работат стресна работа, имаат поголема можност да се справат со тоа, ако се грижат за себе и ако свесно ги земат работите во свои раце. Сепак, стресноста не секогаш произлегува од одговорноста што ја носи работата. Во најголем случај, стресот произлегува од начинот на кој се однесуваме кон луѓето што ја работат таа работа. Затоа, насмевка и убав збор му се добредојдени на секого, па така и на девојката што работи во соседниот млечен ресторан, професорката и административниот работник.rnrn
.rn
1. Работа во дом за стари лица и работа со новороденчиња
rnКај речиси 11% од луѓето кои ја работат оваа работа е забележана голема депресија. Обичен ден во дом за стари лица вклучува хранење, бањање и грижа за оние кои не се во состојба самите да ги извршат овие секојдневни работи, бидејќи се изнемоштени или премногу мали. Иако е благородна работа, гледајќи ги луѓето болни, изнемоштени и неспособни, невозможно е да се прима позитивна енергија.rnrn
rn
2. Работа во ресторан, пекара, локална продавница
rnЛуѓето кои ја работат оваа работа, најчесто се малку платени, а притоа имаат многу работа и целото работно време се опкружени со најразлични луѓе. Но, тие кои ја работат оваа работа понекогаш мислат дека таа е неблагодарна, бидејќи луѓето најчесто се непристојни и навредливи. Тоа ги доведува до депресија и речиси немаат мотивација и енергија да работат.rnrn
rn
3. Социјални работници
rnОва веројатно не е никакво изненадување. Да се справувате со злоупотребени деца, малтретирани жени и семејства во финансиска криза, не е лесно за никого, особено ако работите 24/7. Оваа работа бара жртви од оние кои ја работат, па така често пати социјалните работници се запоставуваат себе си, сѐ со цел да помогнат на другите.rn

rnrn
4. Доктори, медицински сестри, болничари
rnТука е вклучен целиот медицински персонал. Медицинските сестри и докторите често пати немаат фиксно работно време бидејќи буквално кажано, животите на многу луѓе се во нивни раце. Тоа самото по себе е стрес. Секојдневно се соочуваат со смртта и се справуваат со фамилиите и најблиските.rnrn
rn
5. Уметници
rnВо случајот на сликарите и писателите, депресијата многу често резултира со ремек дело. Креативците имаат голем степен на депресија, стрес и се изолирани од обичните луѓе. Биполарноста се јавува кај многу уметници, како вид ментално пореметување.rnrn
rn
6. Наставици
rnЕдно е јасно. Оној кој ја носи работата дома, го носи и стресот. Дел од работата на наставниците е прегледување домашни, писмени, креирање наставни планови, а сето тоа тие го подготвуваат дома, во најчест случај. Имаат притисоци од родителите, децата, директорите, најразлични барања и желби треба да бидат задоволени, од што следствено се појавува депресијата.rnrn
rn
7. Административен персонал
rnОд луѓето кои работат во ова поле секогаш се бара многу. Тие запишуваат сѐ и се грижат за сѐ. Но, административните работници се на дното на пирамидата и лесно се контролирани од врвот. Брзи, непредвидливи и стресни денови се дел од нивната работа.rn

rnrn
8. Самостојни продавачи
rnТие работат за себе и самостојно. Изгледа лесно и убаво, но доведува до депресија, бидејќи никогаш не знаат дали тој ден ќе остварат продажба.rnrn
rn
9. Финансиски советник
rnСтрес! Стрес! Стрес! Овие луѓе ви кажуваат како е најдобро да ги вложите и инвестирате парите, колку да потрошите, каде да ги пренамените… А ни самите тие не знаат колку финансиски проблеми ги чекаат. Работата им е многу одговорна, бидејќи тие се одговорни за финансиите на нивните клиенти.rnrn
rn
10. Основни работници
rnТука влегуваат оние вешти луѓе кои ни ги поправаат расипаните делови од домаќинството. Секојдневно се опкружени со луѓе и нивните побарувања. Работат во секое време кога ќе бидат повикани, па дури и ноќе. Најчесто се изолирани од причина што секојдневно работат. Сет тоа предизвикува стрес и потоа, депресија.rnrn
