rn
6. Стапалата се зголемуваат
rnОртопедите тврдат дека нашите стапала стануваат порамни, а со тоа и подолги и пошироки. Ова се случува бидејќи нашите лигаменти и тетиви ослабуваат со текот на времето. Поради ова, многу луѓе купуваат поголеми чевли во староста.rn
7. Пегите исчезнуваат
rnПо правило, луѓето со светла кожа и црвена коса имаат пеги. Најчесто тие се појавуваат во детството или младоста. Експертите мислат дека со текот на времето, пегите делумно или целосно исчезнуваат.rn
8. Се менуваат отпечатоците на прстите
rnМногу години криминолозите верувале дека отпечатоците на прстите никогаш не се менуваат. Но во 2015-та година, научниците спровеле голем експеримент во кој учествувале 15.000 испитаници. Тие откриле дека не само повредите, туку и возраста може да влијае на промената на отпечатоците.rn
9. Се менува перцепцијата за боја
rnМногу луѓе имаат проблеми со перцепцијата за боја во староста. Американските научници проучувале 900 луѓе на возраст од 58 до 102 години. Излегло дека промените во очите создаваат ефект на жолт филтер. Ова го отежнува разликувањето на боите како сина и виолетова или жолта и зелена.rn
10. Се менува вкусот на храната
rnПодоцна во животот, обновувањето на сетилото за вкус на јазикот се намалува. Според експертите, ова има влијание на перцепцијата за храна. Поради ова некои продукти имаат лош вкус додека сте млади, но во староста можат да ви изгледаат како вистински деликатеси. Жените најчесто го искусуваат ова по 50-тата година од животот, а мажите по 60-тата. Според неколку истражувања, најпопуларните продукти „за постари луѓе“ се козјото сирење, киселите краставички и гравот.rn
Чувство на среќа
rnПокрај сите овие „лоши“ промени, постарите луѓе се посреќни. Научниците од Сан Диего направиле истражување во кое учествувале над 1.000 мажи и жени на возраст од 50 до 99 години. Излегло дека постарите луѓе се попозитивни кога се соочуваат со разни проблеми.
Погледнете и кои се здравствените проблеми што се влошуваат со текот на времето.

