10 неверојатни звучни илузии

Сподели

rn

Реклама

6. Виртуелна берберница

rnhttps://www.youtube.com/watch?v=IUDTlvagjJA

Ова е демонстрација на стерео ефектот. Ќе се чувствувате како берберот да е околу вас. Оваа илузија ја демонстрира нашата способност за лоцирање звуци во просторот. Споредувајќи ги „резултатите“ од ушите можеме да сфатиме од каде доаѓа некој звук.rn

7. Кибрит

rnhttps://www.youtube.com/watch?v=WYdIidUIbAs

Како и виртуелната берберница, и овде станува збор за стерео илузија. Во овој случај човек тресе кутија кибрит пред и околу вас и понекогаш пали чкорче.rn

8. Парадоксот тритон

rnhttps://www.youtube.com/watch?v=GrvMVLOfgck

И оваа илузија е откриена од Дијана Доич. Во овој случај некои луѓе слушаат дека двете ноти се свират од пониска кон повисока, додека други слушаат обратно. Нотите коишто се свират се наречени тритон и се наоѓаат точно на средината на стандардната музичка скала. Некогаш се сметало дека овие ноти се злобни и не биле користени во музиката.rn

9. Ефектот Мекгурк

rnhttps://www.youtube.com/watch?v=73LE1vKGfy4

Обидете се да ја слушнете снимката со затворени очи. Сега ислушајте ја повторно, но отворете ги очите. Дали слушате ба-ба, га-га или да-да? Повеќето возрасни, односно 98%, мислат дека слушаат „да“ каде што „д“ е резултат од аудио-визуелна илузија. Во реалноста го слушате звукот „ба“ додека го гледате движењето на усните „га“.rn

10. Фантомски зборови

rnhttps://www.youtube.com/watch?v=kB0I5x_Skzg

Оваа илузија прв пат била демонстрирана од Дијана Доич на Универзитетот во Калифорнија. Снимката се состои од поклопени секвенци од зборови и фрази кои се повторуваат, сместени на разни места во стерео просторот. Како што слушате ќе почнете да слушате одредени фрази. Но, ниту една од фразите не постои. Вашиот мозок ги создава обидувајќи се да најде смисла во безначајна врева. Покрај тоа ќе забележите дека фразите се поврзани со вашиот моментален живот. На пример ако некој е на диета може да слуша фрази поврзани со храна. Навистина морничаво искуство.

Погледнете ги и овие оптички илузии кои ќе си поиграат со вашиот ум.

Популарно

Може ќе ве интересира