10 неверојатни фотографии од животни скриени под Арктичкиот мраз

Сподели

Има илјадници животни кои егзистираат под големите слоеви мраз на Арктикот. Некои од нив изгледаат многу чудно и морничаво, што дури може да се поистоветат со вонземски суштества. Други се микроскопски, односно не се видливи со голо око. Едно е сигурно, какви и да се, живеат многу далеку од нас, во прилично сурови животни средини, па освен на фотографија не можеме да ги видиме на друг начин.

Реклама New Ways Of Travel

Националната агенција за океански и атмосферски истражувања направи експедиција во Канадскиот базен, собирајќи информации за промените на глобалната клима и се врати со следниве фотографии:rn.rn

1. Crossota

rn

Оваа брилијантна мала медуза целиот свој живот го поминува како воден планктон.

2. Eusirus holmii

rn

Овој вид спаѓа во групата на раковидни животни без оклоп и е најден на 2.000 метри длабочина, како и под површината на мразот.

3. Hymenodora glacialis

rn

Овие убавици се единствените пеларгични морски ракчиња кои живеат во Канадскиот базен.

4. Copoped

rn

Овој машки вид раковидно животинче (copepod=нозе во форма на лопатка) е познат по својата екстра долга опашка и големите антени. Машките видови немаат голем животен век.

5. Морска ѕвезда

rn

Прекрасна морска ѕвезда извадена од дното на морето. Тие се клучни видови и имаат огромен ефект врз околината и екологијата. Секако ќе ја споменеме и нивната способност за регенерација.

6. Amphipod (раковидни животни)

rn

Ова е сè уште непознат вид ракче кое е фатено на 1.000 метри длабочина.

7. Мекотелци

rn

Овие школки-бивалвии потекнуваат од дното на океанот, а можат да се извадат со помош на дупчалките кои бушат директно во дното на океанот.

8. Cione

rn

Овој вид спаѓа во групата на морски мекотелци и се нарекува морска пеперутка. Опстојува на површината на водата.

9. Larvacean

rn

На оваа фотографија е прикажан непознат вид од редот на туникати (мантиести животни), кои претставуваат планктонски видови.

10. Aulococtena

rnОвие видови живеат на длабочина 350-1.000 метри и се со големина и боја на портокал. Имаат и две лигави пипци кои се забележуваат на сликата.rn———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира