rn
6. Се борат за своите права
rn
rnrnЗа среќа Ромите не се без глас како што ги претставуваат медиумите. Постојат групи како Светската ромска организација и Европскиот центар за правата на Ромите кои добиле многу тужби против расистите на моќ. Тие исто така имаат годишен Светски ромски конгрес, Недела на гордост и Интернационален ден на Ромите (8-ми април). Нивното знаме е составено од хоризонтална зелена и сина линија што ги претставуваат земјата и небото, и црвено чакра-тркало што ја симболизира нивната врска со Индија, нивната преселба и нивните трагични загуби.rnrnПознатите ромски артисти и изведувачи како Пабло Пикасо, Чарли Чаплин и Мајкл Кејн ја подигаат свеста за оваа етничка група.rn
7. Не живеат сите во каравани
rn
rnrnИако во поп културата често се претставени како луѓе што живеат во украсени каравани, ова е навистина ретко во реалноста. Причината е тоа што тие биле изгорени кога умреле нивните сопственици, но биле ретки уште на почетокот.rnrnРомите почнале да се поврзуваат со овие каравани пред околу 150 години. Не живееле во нив сè до 1850-та година и малкумина можеле да си ги дозволат. Повеќето патувале од едно место на друго пеш и спиеле во шатори. Со појавата на моторните возила, караваните повеќе не биле практични. Денес мнозинството Роми живеат во куќи, а најсиромашните се снаоѓаат како знаат.rn
8. Не се сите безбожници и претскажувачи на иднината
rn
rnrnУште една погрешна слика за Ромите која за многумина е и навредлива е дека сите се вклучени во вештерство. Низ историјата тие се поврзувани со претскажување на иднината, правење амајлии, напивки, клетви и слично. Иако претскажувањето на иднината е дел од ромската култура, причината е тоа што ова бил единствениот начин на кој Ромките можеле да заработуваат пари.rnrnИсто така Ромите не се безбожници. Често тие ја прифаќаат религијата на државата во којашто се. Па, постојат многу Роми кои се христијани и муслимани.rn
9. Не се вклучени во пописите
rn
rnrnИако никој не знае колку Роми има денес, тие се сметаат за најголемото малцинство во Европа и се побројни од Евреите, Африканците и доселениците од јужна Азија заедно. Постојат некои претпоставки – 6 милиони во Европската Унија и двојно повеќе низ цела Европа, 2,3 милиони Роми во Египет и по речиси милион во секоја држава од САД, Русија и Бразил. Веројатно постојат и помали групи во Африка, Средниот Исток, Азија и Австралија.rnrnРомите се особено претпазливи кога станува збор за нивно идентификување, а не можеме да ги обвиниме за ова.rn
10. Можно е да имате ромско потекло
rn
rnrnКога ќе се земе предвид колку долго и широко мигрирале Ромите, многу луѓе имаат ромски корени без да бидат свесни за тоа. Без разлика каде живеете голема е веројатноста и вие да спаѓате овде. Еден од начините да откриете дали имате ромско потекло е ДНК тест, а друг е проучување на генетските извештаи за вашето семејство, ако воопшто постојат. Најчесто може да се забележи и по презимето или по работното место на вашите предци. Исто така ако во вашето семејно дрво најдете „египетски“ корења, голема е веројатноста да станува збор за Роми.rnrnБез разлика на омразата и насилната депортација, оваа прогонувана група не може „да се врати од каде што дошла“ исто како што Американците не можат да „се вратат“ во Европа, или пак кој било од нас да „се врати“ во Африка.
